АКО САКАТЕ СЛИВИ, ОВОЈ КОЛАЧ ЌЕ ВИ БИДЕ НА ПРВО МЕСТО, вкусен и едноставен, за со кафе оди одлично. Рецепт на Мој Агол. Брз колач кој без сомнение ќе ви стане омилен, комшиките ми го обожаваат, па цело време им го правам.
За да го подготвите тестото ќе ви биде потребно: 3 чаши брашно (по 200 мл чаши) , 200 г путер / маргарин, 100 г шеќер, 1 јајце, прстофат сол, 1 кесичка прашок за печиво, 1 кесичка ванилин шеќер.
Потоа, ќе ви биде потребно и: 500 г сливи, 1 чаша шумско овошје (рибизли или нешто по ваша желба), 100 г шеќер или помалку. Јас користев калап со пречник од 24 цм, но може и помал, доколку немате калап од оваа големина.
ПОСТАПКА: Во подлабок сад се додава брашното, просеано низ просо, заедно со прашокот за печиво и една кесичка ванилин шеќер. Потоа додајте го шеќерот и прстофат сол. Значи прво се додаваат сувите состојки, па течните.
Потоа додајте го јајцето и тврд путер или маргарин, изрендан на ренде. Сите состојки соединете ги со раце, додека да формирате фина смеса. Со прстите дробете го маргаринот за да не се направат грутки кога ќе се залепи до брашното.
Крајниот резултат треба да изгледа како ситни топчиња. Потоа прејдете на сливите. Најважно е прво добро да ги измиете, па после пресечете ги на половина и извадете им ја семката.
Во колачот може да додадете и шумско овошје по желба, за побогат витамински вкус. Јас додавам рибизли, аронија и боровинки. Во калап, обложен со хартија за печење, наредете ја смесата за тесто како да дробите сирење.
Распоредете насекаде да има подеднакво, во еднаков слој, за колачот да излезе ист на сите страни при печење. Значи, половина од смесата се наросува одоздола, па се реди овошјето, па се става другата половина. Со благ притисок, стискајте ги топчињата / мрвиците од тесто, но не ги гмечете, за колку толку да се залепат едни со други.
Потоа одозгора наредете ги сливите, со празнината од семката да гледаат нагоре, па наросете и со шумското овошје, а на крајот наросете и со малку шеќер, околу 100 г или помалку.
Одозгора како завршен дел, доставете ја другата половина од смесата, со благ притисок, насекаде да има подеднакво. Колачот се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 40-тина минути, при што кога ќе поминат 20 – 30 минути се проверува.
Колачот е готов кога ќе добие убава златна боја. Се служи и топол и ладен, но не веднаш кога ќе го извадите од рерна бидејќи може да се распадне. Потребно е малку да олади, па после сечете парчиња. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.