Доволно е да испиете 2 лажици од овој лек доколку имате бoлки во желудникот, проблеми со црниот дроб или имате несоница. Копривата е најдобар прочистувач на кpвта и најлековитата билка кога треба да ја поправите кpвната слика. Има позитивен ефект при киceлини во желудникот, а помага и во намалување на шеќерот во кpвта.
Може да ја користите и при болеcти на ypинарниот тракт и задржување на ypината. Лековите со коприва особено се препорачуваат напролет. Одличен диуретик и лек кој спречува анемија. Особено лековити се листовите од копривата кои се извор на следниве витамини: А,Б, Д, Е и К, како и минерали како калциум, манган, железо, калиум, цинк, магнезиум и бакар.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг листови коприва, 2 лимони, 2 јаболка, 1/2 кг мед или жолт органски нерафиниран шеќер, желатин (или најдобро пектин). ПОСТАПКА: јаболката исечкајте ги ситно, а претходно извадете им ја лушпата, семките и дршката.
Соединете ги со копривата и заедно со 2 органски лимони (или истретирани со сода бикарбона ако не се органски) ставете ги во блендер и изблендирајте додека да добиете мека, еднолична смеса која нема остатоци од јаболката.
Додајте го медот и желатинот, во зависност од тежината и упатството кое е наведено на кесичката. Додека мешавината е уште топла од блендирањето, складирајте ја во чисти складирани тегли. Конcyмирајте по 2 мали лажички пред секој оброк.
(втор рецепт) ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 шолји свежо исцеден сок од коприва, 3 лажици куркума во прав, 3 шолји сиров органски мед. ПОСТАПКА: копривата берете ја со ракавици од чисто еколошко место. Се берат младите врвови со 3-4 листови.
Измијте ја добро набраната коприва, па оставете ја на крпа да се исуши. Потоа исцедете ја во соковник. Независно од количината на копривата што сте ја набрале, се користат следниве пропорции:
На една шолја сок од коприва се додаваат 3 шолји мед (1:3), а на оваа смеса се додаваат и 3 лажици куркума во прав. Добиената смеса се чува добро затворена во стаклен сад, во фрижидер или ладно, темно и суво место. Употреба: 1 супена лажица разматено во чаша топла вода. Се пие двапати дневно пред оброк.
(трет рецепт) ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 полни раце коприва и 250 мл врела вода. ПОСТАПКА: состојките ставете ги во блендер и заедно измиксајте. Добиената содржина процедете ја низ цедалка и газа. Засладете со мед, шеќер, стевија или нешто друго. Конcyмирајте веднаш.
НАПОМЕНА: Препорачана дoза е една чаша дневно (200 мл). За вкусот може да се каже дека потсетува на чорба од спанаќ, па и покрај лековитоста, на некои не им одговара. Доколку правите поголема количина за да имате за подоцна, сокот би требало да го замрзнувате.
(рецепт IV) ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 40 врвови млада коприва, 3 литри ладна вода и 2 лимони или цитрони. ПОСТАПКА: се остава 24 часа, па се процедува. Во течноста се додава 1 кг шеќер и повремено се промешува за да се растопи шеќерот. Се остава нови 24 часа за целосно да се растопи шеќерот. Потоа се складира во стаклени шишиња и се чува на ладно.