Ако јадете палачинки сигурно ќе го сакате и овој еурокрем колач – брз и лесен рецепт со многу убав вкус. Рецепт на CooKing. Mногу едноставен, вкусен и брз колач кој со вкусот потсетува на палачинки.




Колачот се подготвува со мерки на чаша, а постапката е многу едноставна, сите состојки се мешаат и колачот се излева во плех и се става на печење. Чашата која ја користам е од 250 мл, значи класична.




Потребни состојки: 3 јајца, 10 г ванилин шеќер, 1/2 шолја шеќер, 1 шолја јогурт, 60 мл масло, 1 шолја брашно, 1 лажица прашок за печиво. И уште: 130 мл млеко, 2-3 лажици еурокрем, 2-3 лажици мелена плазма + масло за премачкување и уште малку брашно.




Постапка: Со миксер изматете ги пенасто јајцата со постепено додавање на шеќерот и ванилиниот шеќер. Додајте го маслото и јогуртот и продолжете да матите со миксерот. Во изедначената смеса се додава просеано брашно низ сито заедно со прашокот за печиво.




Соединете ја смесата за да нема грутки. Ќе добиете еднолична смеса, нешто погуста од онаа за палачинки. Оваа смеса прелијте ја во малку подмачкан и набрашнет плех со димензии 30х20 см.




Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 40-тина минути. По печењето, колачот се проверува со чепкалка за заби дали е испечен одвнатре. Доколку е, бисквитот избоцкајте го со виљушка на неколку места и прелијте со млекото.




Потоа премачкајте со еурокрем (или некој друг крем, а може и џем) рамномерно низ целата површина. Одозгора наросете плазма/мелени бисквити и исечете го колачот на коцки. Може да го послужите штом малку ќе се подолади. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.




II РЕЦЕПТ: Брза еурокрем торта од само четири состојки – гостите никогаш нема да погодат од што е направена! Плазма кексите во комбинација со еурокрем… многу лесна подоготвка, децата ќе ја обожуваат, ама ни возрасните нема да останат рамнодушни!




Потребни состојки: 1 кг шлаг, 300 г мелени плазма кекси, 200 г еурокрем, 1 шише газирана вода. Постапка: Изматете 400 г шлаг со 300 мл газирана вода. Кога ќе добиете цврст шлаг, додајте мелена плазма, па добро промешајте.




Добиената смеса истресете ја врз тацна за сервирање, па обликувајте како кора со димензии по ваша желба. Потоа, повторно изматете 400 г шлаг со 300 мл газирана вода, па во овој шлаг додајте го еурокремот. Добро промашјте, па со добиениот крем премачкајте го првиот слој.




Преостанатите 200 г шлаг изматете ги со 150 мл газирана вода. Со добиениот шлаг премачкајте ја целата торта, одозгора и од страните. Декорирајте по желба. Тортава ја имам правено безброј пати и можам да ви кажам дека е предобра! Гостите се воодушевени, постојано ме прашуваат што има внатре, не можат да откријат. Тортата се јаде за еден ден..