Лукот секогаш бил користен и во кујната и во приготвувањето на народни лекарства, но исто така, често го препорачуваат експертите за подобрување на имунитетот и за бројни други здравствени погодности.
Меѓутоа, што се случува кога јадеме лук на празен стомак?
Научниците откриле дека јадењето лук на празен стомак ја зголемува неговата ефикасност како природен антибиотик. Имено, лукот содржи околу 400 активни материи, богат е со витамини и минерали: аденозин, алицин, аминокиселини, растителни влакна, растителни масти, витамин А, витамин Б1 и Б2, витамин Ц, железо, ензими, етерични масла, јод, калиум, калциум, селен, сулфур и фосфор.
Лукот има дезинфекционо, антибактериско и фунгицидно дејство, споредбено со најдобрите антибиотици. Најважната состојка на лукот е алицин која докажано го намалува холестеролот во крвта.
Со редовна примена ја стимулира циркулацијата и го олеснува протокот на крвта, го намалува зголемениот крвен притисок и маснотиите во крвта, заштитува од болести на срцето. Одличен е и како антиоксиданс.
МЕД И ЛУК – ЧУДЕСНА КОМБИНАЦИЈА
Лукот и медот можеби ви изгледаат чудно во комбинација, но истата таа комбинација ќе направи чудо за вашето тело.
Зајакнете го вашиот имунитет со овој еликсир.
Лукот дава многу бенефити благодарение на своето антиоксидантско дејство.
Од друга страна, медот ништо помалку не заостанува како сојузник во борбата против разни заболувања. Има високи антиоксидантски и антибактериски својства.
Еве како да направите микс од лук и мед како дневна „инфузија“ за вашиот организам за јакнење на имунитетот и како превенција против тешки заболувања.
Исчистете чешниња лук и оставете ги да отстојат во мед неколку дена. Оваа комбинација консумирајте ја секој ден, ќе бидете изненадени од резултатите.
ТОНИК
Потребни состојки:
½ главица кромид крупно исечкана
5 чешниња лук – крупно исечкани
2 црвени чили пиперчиња – крупно исечкани
1 лажица ѓумбир – крупно исечано
1 исцеден лимон
Органска (домашна) јаболкова киселина.
Додека го правите тоникот носете ракавици доколку имате чувствителна кожа и не ги тријте очите, бидејќи некое од овие природни масла може да предизвика иритација и пецкање на кожата.
Сите состојки ставете ги во стаклена тегла и прелијте со јаболкова киселина, да бидат покриени. Нека одлежи една седмица во фрижидер, а потоа изблендирајте ја содржината.
Консумирајте по едно мало лажиче наутро, на гладно.