Ако имате урда и јајца, не пропуштајте да го приготвите овој многу вкусен и здрав ПОЈАДОК!
Ова јадење е идеален избор за вкусен и хранлив појадок кој лесно се подготвува и може да се прилагоди според вашиот вкус.
Свежото сирење (урдата) му дава дополнителен протеин и кремаста текстура, правејќи го сличен на киш или фритата, но со уникатен шмек.
Без разлика дали сте љубител на едноставни рецепти или сакате да експериментирате со додатоци, овој рецепт ќе стане ваш нов фаворит за утра исполнети со енергија! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (шолја од 250 мл):
– 8 големи јајца
– 450 грама свежо сирење/урда
– 1/3 шолја ситно сечкан млад кромид
– 1/2 шолја рендан кашкавал
– 1/2 лажичка сол
– 1/4 лажичка црн пипер
– малку масло за намастување на калапот
– По желба (додатоци): 1/4 до 1/2 шолја од ваш омилен додаток – пржени исечкани печурки, ситно исечкани домати, сечкана колбасица, сечкана сланина или ситно исечкан свеж спанаќ.
ПОСТАПКА:
Скршете ги јајцата во голем сад и изматете ги добро со виљушка или маталка. Во садот со јајцата додајте ја урдата, младиот кромид, кашкавалот, солта и црниот пипер.
Темелно измешајте ги сите состојки додека да добиете рамномерна смеса. Доколку сакате, можете да додадете и 1/4 до 1/2 шолја од омилениот додаток по ваш избор.
Лесно испрскајте сад за печење (димензии 23×23 см) со масло, па истурете ја смесата во садот. Печете во загреана рерна на 180°C додека да добие златна боја.
Откако ќе го извадите од рерната, оставете го кратко да се излади пред да го исечете и послужите. Ова му дава време на сирењето да се стегне, а вкусовите да се соединат.
Свежото сирење и јајцата го прават овој омлет одличен извор на протеини, идеален за започнување на денот со енергија.
Уживајте во овој кремаст и заситен омлет кој ќе ги освои вашите сетила! Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ: