Home закуска Ако имате тиквички направите го овој рецепт…Никогаш не сум јадела нешто толку...

Ако имате тиквички направите го овој рецепт…Никогаш не сум јадела нешто толку вкусно…

Ако имате тиквички направите го овој рецепт…Никогаш не сум јадела нешто толку вкусно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 тиквички
маслиново масло
сол, црн пипер
4 јајца
1 лажичка шеќер
60 мл масло
100 мл млеко
120 г брашно
11 г прашок за печиво
1 среден компир
1 кромид
2 лажици рендан пармезан
5 лажички крем сирење
пармезан за посипување

ПОСТАПКА:

1.Исечете ги тиквичките на тенки ленти (на ренде-мандолина). Сипете ги сите одеднаш во широка тава со малку маслиново масло, посолете и запиперете, па гответе на умерена температура 2 минути под капак.

2.Јајцата изматете ги со малку сол и црн пипер, шеќер, масло и млеко. Додајте брашно и прашок за печиво, па изматете да нема грутчиња.

3.Додајте рендан компир (исцеден низ раце од сокот), ситно сечкан кроми, тиквичките и пармезанот. Смесата сипете ја во намастен огноотпорен сад.

4.На неколку места одозгора ставете крем сирење и посипете пармезан. Печете 40-45 минути во загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.