Ако имате мелено месо, не почувајте да правите ќофтиња додека не го видите овој рецепт…Едноставно и многу вкусно – ќофтиња во сос – прсти да излижеш!
Испобајте го овој вкусен ручек за вашите најмили, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За ќофтиња:
600 г мелено месо
сол, црн пипер, сув лук во прав, црвен пипер
1 главица кромид
За сос:
сол (5 г), црн пипер (3 г), куркума (3 г)
30 г сенф
150 мл неутрална течна павлака
15 г ситно сечкан свеж копар
НМД
И уште:
50 г рендан кашкавал за врз ќофтињата
ПОСТАПКА:
1.Во меленото месо додајте ги зачините и ситно сечканиот кромид, па убаво измесете го со рака.
2.Со намастени дланки обликувајте топчиња и редете ги на дното од намастен огноотпорен сад.


3.Сите состојки потребни за сосот измешајте ги додека да се изедначат.
4.Залијте ги ќофтињата со приготвениот сос и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 40 минути.


5.Одозгора посипете ги со ситено рендан кашкавал и послужете ги со топли варени компири одозгора залиени со сосот од ќофтињата.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.




































