На наједноставен начин направете домаќински, домашни колбаси за мерак, а за тоа ќе ви бидат потребни само мелено месо и млеко. Ако сте љубители на колбасите и вкусните залаци од месо, тогаш сомелете го пилешкото бело месо и испробајте го овој рецепт.




Се додаваат и зачини, а нив ги ставате по желба. Во продолжение на текстот можете да го прочитате нашиот предлог како да ги зачинете, а тие да бидат превкусни. Толку лесно се приготвуваат, што ќе се чудите како не сте ги правеле досега.




Потребните состојки не се скапи, а се добива поголема количина, па многу е поисплатливо отколку да купите колбаси од месарница. И она што е одлично, ќе пробате нов вкус, а вашите најмили ќе бидат воодушевени. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г мелено пилешко бело месо, 200 мл млеко (1 чаша), 1 мала лажичка сол, 1 мала лажичка слатка црвена пиперка во прав (кој сака може да стави и малку лута), 1/2 мала лажичка мелен црн пипер, 1 мала лажичка лук во прав или 2 чешниња мелени/рендани, 1 лажичка зачинска мешавина за пилешко




ПОСТАПКА: Пилешкото мелено месо ставете го во еден подлабок сад и прелијте го со една чаша млеко. Потоа додајте ги зачините, малку сол, црн и црвен пипер во прав како и една лажичка специјална мешавина за пилешко месо. Може да ставите и зачини по ваш вкус.




Додајте и една мала лажичка лук во прав или две чешниња мелени или истиснати низ преса. Добро измешајте со лажица додека рамномерно да се распоредат сите состојки. Ќе добиете полутечна, влажна смеса. Покријте го садот со кеса или проѕирна-стреч фолија и оставете во фрижидер да одмори еден час.




По изминатото време смесата ќе биде погуста и тешко ќе паѓа од лажица. Повторно промешајте ја уште еднаш и можете да ги обликувате колбасите: Од оваа количина излегуваат 11 колбаси со средна величина по 80 грама секој, што значи ќе ви бидат потребни 11 парчиња проѕирна-најлон кеса (помалку или повеќе според големината на колбасите што ќе ги правите).




Отворете го парчето фолија, па ставете 2 полни супени лажици од смесата, внимателно затворете и заролајте за да се формира колбасот. Станите затворете ги со чвор за да се формира колбасот.

Вака приготвените колбаси спуштете ги во зовриена вода и варете ги 15 минути. Вадете ги со решеткаста лажица, оставете да подизладат, па отстранете ја фолијата.

Можете да ги јадете веднаш како виршли, но можете и да ги испржите во загреано масло помешано со путер додека да ја добијат посакуваната заруменета боја. Деталите погледнете ги ОВДЕ.