Колачот е многу вкусен и навистина едноставно се приготвува од кршени бисквити прелиени си пропжени рендани јаболка и растопено чоколадо. Оваа смеса се збогатува со чоколаден пудинг.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 г јаболка (5 јаболка), 5 супени лажици шеќер, 350 г бисквити, 100 г чоколадо, 50 мл млеко, 120 г ореви. За глазура: 300 мл млеко, 1 пудинг со цкус на чоколадо (47 г), 3 супени лажици шеќер, мелени биксвити за декорација.




ПОСТАПКА: Јаболката измијте ги, излупете ги и изрендајте ги, а потоа испржете ги со 5 лажици шеќер и една кесичка ванилин шеќер. Мешајте додека да се растопи шеќерот и да испари течноста, околу 10 минути.

На тивок оган растопете 100 г чоколадо заедно со 50 мл млеко. Мешајте додека смесата да зоврие и состојките да се хомогенизаат. Во подлабок сад со раце искршете 350 г бисквити и прелијте ги со растопеното чоколадо.




Во смесата додајте ги и врелите испржени јаболка, додајте и 120 г мелени и сечкани ореви, па убаво промешајте со шпатула за да се изедначат состојките. На крај мешавината измесете ја низ раце за да добиете смеса како тесто. Рамномерно распоредете ја во калап за торти (25 см) и убаво притиснете со дното на една чаша за да се пополнат сите празнини.




За глазура потребно е следното да го направите: Во тенџере ставете 300 мл млеко, 3 лажици шеќер и една кесичка пудинг со вкус на чоколадо. Измешајте со маталка за да нема грутчиња додека да добиете еднолична, мазна смеса.




Сварете го пудингот на умерена температура, со постојано мешање за да не ви загори, додека да згусне, а потоа врел прелијте го врз колачот. Рамномерно распоредете го, израмнете и оставете да се олади. Одозгора наросете мелени бисквити и оставете го колачот добро да се излади во фрижидер најмалку 3 часа. Во продолжение прочитајте и следниот рецепт:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 150 г шеќер (може и помалку), 100 г брашно, ½ кесичка прашок за печиво, 120 мл млеко, 60 мл масло, 3 јаболка, рендана кора од лимон, 100 г суво грозје, 100 мл вода и ливчиња бадем за декорација.

Фото и рецепт: Рената Трајчевска




ПОСТАПКА: Сувото грозје попарете го со врела вода и кратко сварете го за да се рехидрира и да набубри. Тргнете го на страна една минута, па процедете го и оставете го да излади. За тоа време јаболката измијте ги, излупете ги и исечкајте ги на коцкички.




Во посебен сад јајцата изматете ги со маталка заедно со шеќерот. Додајте го маслото, кратко промешајте, а потоа додајте ги млекото и брашното помешано со прашок за печиво. Изматете добро за да се соединат состојките, па кога ќе добиете хомогена смеса без грутчиња, додајте ја ренданата кора од лимон, сечканите јаболка и процеденото и изладено суво грозје.




Вака приготвената смеса излејте ја во калап со обрач 22 см, (обложен со хартија), рамномерно распоредете и израмнете, а одозгора наросете малку ливчина од бадем. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 40-50 минути. / Рецепт на Рената Трајчевска за НМД.мк

Фото и рецепт: Рената Трајчевска