Рецепт и видео презентација на Мои Домашни Рецепти – Колач со јаболка, брз и економичен.
Колачот е многу вкусен и навистина едноставно се приготвува од кршени бисквити прелиени си пропжени рендани јаболка и растопено чоколадо. Оваа смеса се збогатува со чоколаден пудинг.
Потребни состојки: 800 г јаболка (5 јаболка), 5 супени лажици шеќер, 350 г бисквити, 100 г чоколадо, 50 мл млеко, 120 г ореви. За глазура: 300 мл млеко, 1 пудинг со цкус на чоколадо (47 г), 3 супени лажици шеќер, мелени биксвити за декорација
Постапка: Јаболката измијте ги, излупете ги и изрендајте ги, а потоа испржете ги со 5 лажици шеќер и една кесичка ванилин шеќер. Мешајте додека да се растопи шеќерот и да испари течноста, околу 10 минути.
На тивок оган растопете 100 г чоколадо заедно со 50 мл млеко. Мешајте додека смесата да зоврие и состојките да се хомогенизаат. Во подлабок сад со раце искршете 350 г бисквити и прелијте ги со растопеното чоколадо.
Во смесата додадете ги и врелите испржени јаболка, додадете и 120 г мелени и сечкани ореви, па убаво промешајте со шпатула за да се изедначат состојките.
На крај мешавината измесете ја низ раце за да добиете смеса како тесто. Рамномерно распоредете ја во калап за торти (25 см) и убаво притиснете со дното на една чаша за да се пополнат сите празнини.
За глазура потребно е следното да го направите: Во тенџере ставете 300 мл млеко, 3 лажици шеќер и една кесичка пудинг со вкус на чоколадо. Измешајте со маталка за да нема грутчиња додека да добиете еднолична, мазна смеса.
Сварете го пудингот на умерена температура, со постојано мешање за да не ви загори, додека да згусне, а потоа врел прелијте го врз колачот. Рамномерно распоредете го, израмнете и оставете да се олади.
Одозгора наросете мелени бисквити и оставете го колачот добро да се излади во фрижидер најмалку 3 часа. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.