Ако имате 3 компири пригответе ги овие едноставни и вкусни стапчиња…Вашите деца ќе ги обожаваат…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 компири
1 китка коријандер или магдонос
буковец/црвен пипер/чили
3 јајца
лебни трошки
сол, црн пипер

ПОСТАПКА:

1.Компирите сварете ги и испасирајте ги. Пирето посолете го и зачинете го, па додајте ситно сечкан коријандер и промешајте.

2.Со намастени дланки обликувајте ги стапчињата.

3.Потопувајте ги прво во изматени јајца, а потоа во лебни трошки.

4.Повторете ја постапката уште еднаш: во јајца, па во лебни трошки.

5.Пржете ги од двете страни додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/Iu3v4f9gvHY?si=R3Nu_mF9RY3xXaMk