Ако имате 3 компири, мелено месо и газирана вода, ова ќе стане вашиот омилен рецепт…Состојките веќе ги имате в кујна, а не е потребен ниту голем труд, ниту време за да го подготвите овој вкусен оброк за целото семејство. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г компир (2-3 средни компири)
2 главици кромид, ситно исечкани
250-300 г мелено месо
1 кесичка прашок за печиво
150 г лебни трошки (6-7 лажици)
сол црн пипер, зачинска пиперка (слатка и лута), сув зачин
2 јајца
200 мл газирана вода

ПОСТАПКА:

Компирот изрендајте го, посолете го и оставете го настрана 5-10 минути. Потоа исцедете ги со рака и помешајте ги во еден поголем сад заедно со останатите состојки. Добиената смеса оставете ја во фрижидер 1 час.

Со намастени дланки обликувајте плескавици/ќофтиња и пржете ги во умерено загреано масло додека да заруменат од двете страни. Вадете ги со решеткава лажица врз хартиена салветка. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/4I1_Avt186k?si=WAZ-OI0uOmp3brhP