Home закуска Ако имате 1 тиквичка, не пропуштајте да ја направите оваа вкусна пита...

Ако имате 1 тиквичка, не пропуштајте да ја направите оваа вкусна пита од евтини состојки

Печени тиквички со компир и кашкавал

Овој рецепт за печени тиквички со компир и кашкавал е совршен спој на едноставност и богат вкус. Брз за подготовка, а сепак импресивен, овој оброк е идеален за семејна вечера или лесен ручек.

Комбинацијата од меко пире од компири, ароматични тиквички и топен кашкавал создава јадење кое ќе ги освои сите, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 1 тиквичка
– Сол по вкус
– Сушен оригано по вкус
– 2 големи компири
– 1 лута пиперка
– Маслиново масло по потреба
– 4 чешниња лук
– 200 г кашкавал
– НМД

Постапка:

1. Исечете ја тиквичката на тенки тркалца, посолете ја и зачинете ја со сушен оригано. Оставете ја да отстои неколку минути.

2. Компирите исечете ги на покрупни парчиња и варете ги во вода со малку сол додека да омекнат.

3. Ситно исечкајте ја лутата пиперка и кратко пропржете ја на малку маслиново масло. Додајте го ситно исечканиот лук и пржете кратко за да ја ослободи аромата.

4. Во тавата додајте ги тиквичките и динстајте ги на тивок оган додека да омекнат.

5. Сварените компири испасирајте ги во пире. Изрендајте го кашкавалот и измешајте го со пирето. Додајте го маслото во кое се динстаа тиквичките и добро промешајте.

6. Тркалезен калап со средна големина обложете го со хартија за печење. Распоредете две третини од смесата со компири и кашкавал, рамномерно притискајќи за да се изедначи.

7. Одозгора наредете две третини од динстаните тиквички. Потоа додајте го остатокот од смесата со компири, па прекријте со преостанатите тиквички.

8. Израмнете ја површината и посипете со една рака рендан кашкавал.

9. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 30 минути, додека кашкавалот да добие златнокафеава боја.

Сервирајте топло и уживајте во овој вкусен и лесен оброк! Деталите од постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: