Ако имате 1 јајце, брашно и млеко подгответе ги овие вкусни печива, многу се меки како памук. Овие печива се благи и полнети со фил, а тестото се подготвува за час, многу едноставно, а на домаќинките веќе ќе им биде позната постапката.




Потребни состојки: 180 мл млеко, 50 г шеќер, 8 г сув квасец, 20 г путер/маргарин, 3 големи лажици масло, 1 белка од јајце, 350 г брашно и прстофат сол.




За кремот/филот ќе ви бидат потребни: 40 г шеќер, 20 г пченкарен скроб (густин), 1 жолчка од јајце, 250 мл млеко, ванила и шеќер во прав за наросување.




Постапка: Во подлабок сад ставете го млекото, шеќерот и сувиот квасец. Промешајте со маталка и оставете квасецот да се активира 2-3 минути. Претходно млекото оставете го да отстои на собна температура најмалку 1 час пред подготовка на тестото.




Потоа додајте го омекнатиот путер, додајте го маслото и жолчката од јајце. Се измешајте и постепено додавајте го брашното и прашокот за печиво. Прво мешајте ја смесата со маталка, а кога ќе почне да се формира тесто, почнете да го замесувате тестото со раце.




Тестото не треба многу да се премесува, ептен малку колку да се формира и да биде нелепливо, но сепак да остане меко. Кога ќе го заместите, вратете го во садот и покријте го со проѕирна фолија и памучна крпа и оставете да стаса 1 час.




За тоа време подгответе го кремот: Во мало тенџере ставете го шеќерот, густинот, жолчката од јајце и измешајте. Додајте го млекото и ванилата и ставете на рингла со ниска температура. Со повремено мешање, згответе крем со густина слична на пудинг.




Потоа кремот тргнете го настрана и покријте го со проѕирна фолија целосно да се излади. Преминете на тестото. Стасаното тесто ставете го на набрашнета работна површина и развлечете го тенко во правоаголник.




Сечете помали ленти со дебелина од 1 прст. Секоја лента виткајте ја како змија во круг со краевите прицврстени одоздола. Вака формираните ролнички-печива редете ги во плех обложен со хартија за печење, малку одделени едни од други.




Одозгора ролничките премачкувајте ги со жолчка од јајце и малку масло, а потоа врз нив, во вдлабнатините вметнувајте од кремот кој може да го ставите во шприц (како на видеото). Ставете на печење во претходно загреана рерна на 180-190 степени, околу 25 минути.




Потоа печивата извадете ги од рерна, оставете да изладат и наросете ги со шеќер во прав и послужете ги. Многу се вкусни навистина и не треба да им додавате ништо повеќе. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.