Нема поубави од старинските колачи, бидејќи не само што се приготвуваат од природни состојки кои секојпат ги имате во кујната, тие се мерат со чаша и можете да ги правите кога ќе посакате, па дури и секој ден. Овој колач е многу сочен и вкусен. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл): 4 јајца, 1 чаша шеќер, 1 чаша млеко, 1 чаша масло, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 3 супени лажици какао во прав (30 г), 2 чаши брашно (200 г). ЗА ПРЕЛИВ: 2 чаши млеко, 1 мал филџан масло (50 мл), 1 мал филџан шеќер, 3 лажици какао (30 г)




ПОСТАПКА: Веднаш вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени, бидејќи додека таа да се загрее, вие веќе го приготвите тестото за колачот и ќе биде спремен за печење. Подгответе ги сите состојки кои се наведени во рецептот и една чаша од 200 мл со која ќе мерите.




Во подлабок сад скршете четири јајца (не мора да ги делите белките од жолчките), па пенасто изматете ги со миксер. Додека непрекинато матите започнете постепено да додавате една чаша шеќер. Треба да миксате околу 5-10 минути, односно додека шеќерот да се растопи и јајцата да побелат во кремаста, густа смеса.




Во изматените јајца додајте една чаша млеко и една чаша масло за готвење, па продолжете со матење уште една минута додека да се изедначат состојките. Потоа додајте една кесичка ванилин шеќер и 2 чаши просеано брашно помешано со 1 кесичка прашок за печиво и 3 лажици какао во прав.




Изматете со миксер но на најниската брзина (на единица) додека да добиете изедначена, мазна, хомогена смеса. Вака подготвеното тесто излејте го во намастен плех со димензии 26х33 см, но може да го печите во калап каков сакате (ако е поголем ќе добиете понизок колач, а ако е помал, колачот ќе биде повисок).




Рамномерно распоредете ја смесата во плехот и ставете да се пече во загреаната рерна на 180 степени (околу 25 минути). Додека се пече колачот вие пригответе го преливот: во едно тенџере ставете 2 чаши млеко (400 мл), по 1 мал филџан шеќер (2 лажици) и масло (50 мл) и 3 лажици какао (30 г).




Загревајте на тивок оган со непрекинато мешање. Глазурата не смее да зоврие, туку само да се загрее колку да се соединат состојките во едноличен прелив. Печениот колач оставете го да подизлади, да биде млак, па исечете го на коцки.

Потоа залејте го со топлиот прелив, оставете го да се оилади и декорирајте го по желба. Деталите погледнете ги ОВДЕ.