Се знаеше порано кога се оди на гости кај баба, секогаш ја има оваа торта. Нејзиниот вкус претставуваше среќа, а кога ја правам сега за моите дечиња им раскажувам колку се радував на оваа торта кога бев колку нив млада.




Многу брзо и лесно се прави, има прекрасен вкус и е многу разновидна. По желба можете да додадете суво овошје и јаткасти плодови (иако има и во овој рецепт). Ова е мојата омилена комбинација и вака ја подготвувам со години. Еве кои состојки ви се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 160 г петит бисквити, 100 мл млеко, 250 г несолен путер, омекнат на собна температура, 150 г шеќер во прав, 220 г чоколадо за готвење, со околу 65% какао, 100 г суви кајсии, 200 г желе бонбони, 150 г ореви. ЗА ПРЕЛИВ: 200 г бело чоколадо, 4 лажици сончогледово масло или обично.




ПОСТАПКА: Бисквитот искршете го на поголеми парчиња, приближно на 4 дела. Растопете го чоколадото за готвење на пареа. Исечкајте ги кајсиите, желе бонбоните и оревите, а може и половина да ги сомелете, а другата половина да останат ситно сечкани.

Прелијте ги бисквитите со млекото и убаво и внимателно измешајте за да не се распарчат и скршат. Во друг сад изматете ги путерот и шеќерот во прав со миксер. Додајте чоколадо, измешајте со шпатула.




Во садот со бисквитите додајте ги сувите кајсии, желе бонбоните и оревите и убаво измешајте. Ако сакате помалку да биде слатка тортата, можете да ја намалите количината на кајсии и желе бонбони. Можете и да ги замените и да додадете друго суво овошје по желба, но мене оваа комбинација ми е највкусна.




Префрлете ја смесата со бисквити во чоколадната смеса и убаво и внимателно измешајте. Калапот намачкајте го со малку вода и покријте го со целофан, но оставете да биде подолг од калапот за да може колачот да се покрие одозгора.




Префрлете ја целата смеса во калапот, па со задниот дел од лажицата потчукнете и сè убаво израмнете. Смесата лесно притиснете ја убаво да се распореди и колачот да нема пукнатини и дупки. Секако дека може да има некои мали пукнатини, но тоа е затоа што путерот се стврднува во фрижидер.




Одозгора покријте ја тортата со вишок целофан и оставете ја во фрижидер преку ноќ. Пред да ја извадите тортата од фрижидер наредниот ден, растопете ја белата чоколада на пареа. Измешајте го маслото и малку изладете.




Извадете ја тортата од калапот и прелијте ја тортата со чоколадо. Украсете со желе бонбони по желба. Оставете во фрижидер околу 4 часа, за убаво да се стегне. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.