Фото и рецепт: Зорица Наумовска
Се замесува тесто со околу 700 г брашно, сол и лажиче печиво, треба да биде средно меко, па се остава да одмори.
Се дели на два дела, а од секој дел се вадат 5 топчиња. Секое топче се расукува колку мала чинија, па се премачкува со растопена маст и масло, а последното не треба да се премачкува.
Така се добиваат две големи топки.
Првата се расукува на побрашнета маса колку што е тавчето (32см) кое е намастено и напрашнето.
Врз првата кора се става зајрето по желба (сварен ориз, праз и чварки), па врз зајрето се прави витка, се боцка со виљушка одозгора и се пече во загреана рерна на 180 степени.