Можеби некогаш сте се запрашале зошто печивата од пекарниците се толку многу меки и подолго остануваат свежи без да се расипат?
Денес сето тоа се должи на разни адитиви кои на печивата им даваат боја, вкус, мекост и долготрајност, но порано се користела само една единствена состојка, а тоа е витамин Ц.
Некои од помалите пекарници сè уште ја имаат задржано оваа традиција за приготвување на печивата кои сè уште го имаат оној препознатлив мирис и вкус на кој се сеќаваме од детството.
Искусните домаќинки ја знаат тајната, а тоа е додавањето на 1000 мг витамин Ц во тесто кое се замесува со 1 кг брашно. Можеби се прашувате, зошто токму витамин Ц кога тој во текот на печењето се yништува?!
Тајната на витаминот Ц се состои во текот на ферментацијата на тестото, односно му помага на квасецот уште поубаво да се активира, а тестото потоа станува двојно помеко од обично.
Постои огромна разлика меѓу печивата испечени од обично тесто и оние кои биле приготвени со витамин Ц. Пробајте и уверете се сами:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Околу 1 кг брашно (може и малку повеќе), 500 мл млака вода или млеко, 100 мл масло (или 12 супени лажици масло + 2 јајца на собна температура), 1 коцка свеж квасец, 2 таблети витамин Ц од 500 мг, 1-2 супени лажици шеќер, 1 супена лажица сол.
СОВЕТ: Во зависност од вкусот, некои преферираат тесто замесено само со вода, а некои со млеко и јајца. Вие изберете ги состојките по ваш вкус. И УШТЕ: 1 јајце за премачкување, 100 г сусам за наросување одозгора и 200 г путер или маргарин по желба за врз кифлите.
ПОСТАПКА: таблетите додека се фолија притиснете ги со нешто тешко за да се изронат, а потоа растворете ги во малку млака вода или млако млеко. Настрана во посебен сад изронете го квасецот и додајте шеќер и преостанатото млако млеко/вода.
Промешајте за да се раствори добро, па додајте го маслото (и јајцата на собна температура), растворениот витамин Ц, па со постепено додавање на брашното помешано со сол, замесете средно меко тесто кое не се лепи на рака.
Тестото оставете го во чист сад да стасува покриено со крпа или фолија на некое топло место. Ако немате многу време доволно е да ферментира 20 минути, а потоа од него да формирате кифли или печива во разни облици.
Стасаното тесто премесете го и поделете го на 20-30 топчиња, на пример. Со помош на оглагија секое топче развлекувајте го во долгнавеста кора и виткајте ги во вид на кифла-ролнички. Кифличките редете ги во намастен плех.
Оставете ги да стасуваат еден час или дури и повеќе додека убаво да го удвојат својот волумен. Потоа по желба премачкјате ги со изматено јајце и наросете ги со сусам, а кој сака може да стави и мало парче путер или маргарин одозгора за уште поголема мекост. печете ги во загреана рерна на 200-220 степени околу 15-тина минути.