Тукушто го приготвив овој бурек со сирење и излезе неверојатно вкусен, како од најдобрата бурекчилница, па дури и подобар од купечките. Многу едноставна подготовка, а толку вкусен бурек… секој лист се двои и крцка, а залакот е сочен и вкусен. Пробајте го.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г готови кори за пита (вкупно 12 кори), 300 г посно/свежо сирење, 300 г зрнесто/крем сирење, 200 мл кисела павлака, 2 јајца, 1,5 лажичка сол, 200 мл масло, 200 мл вода. И уште: 50 мл масло, 200 мл газирана вода




ПОСТАПКА: Филот може да се приготви од мелено месо, пица-фил или нешто по ваш вкус, но овојпат ќе го приготвиме од сирење. Во еден подлабок сад ставете 300 г посно сирење, 300 г зрнесто меко сирење. Ова сирење бидејќи доста меко и влажно, целата смеса ја прави помека.




Во оваа смеса од сирење додајте и 200 мл кисела павлака. Во оваа млечна смеса додајте две јајца и една ипол лажичка сол (или во зависност од сирењето што вие ќе го користите, посолете по вкус). Обично, на 500 г фил се додава една мала лажичка сол, но вие секако, посолете по ваш вкус.




Смесата за фил потребно е да биде многу добро промешана и сите состојки фино да се соединат. Овој рецепт го научив од пријател кој е главен пекар во една позната пекарница и состојките се прецизни. Ако сами го приготвите овој бурек следејќи ги сите овие чекори, ќе добиете ист ваков бурек како мојот.




За да биде сочен, масен и крцкав, баш онаков каков што го продаваат бурекчилниците, тој во себе мора да содржи доста влажност. Затоа филот е вака течен. Следното што треба да се направи откако ќе го приготвите филот, а да ја подготвите течноста за премачкување на корите:




Во посебен сад ставете 200 мл масло и додајте 200 мл вода и промешајте. Е сега, сите веројатно се прашувате – па зар бурекот нема да биде премасен? Мојот одговор на тоа, е НЕ. Нема да биде премасен, бидејќи во бурекчилниците бурекот се приготвува со свинска маст и тоа со голема количин а на маст. После печењето оваа маст се цеди и се фрла.




РЕДЕЊЕ НА БУРЕКОТ: Најпрво во тепсијата во која ќе се пече бурекот налијте доста масло за да намасти убаво на дното и ѕидовите, приближно 3-4 лажици. Мојата тепсија е со дијаметар од 30 см (не треба да користите со поглеми димензии за 500 г кори).




На дното се ставаат три кори, така што секоја посебно треба добро да се намасти со чисто масло (со кујнска четка поминете ја целата површина). Секоја кора добро притиснете ја до рабовите на тепсијата, премачкјате па ставете ја следната кора.




Врз третата кора ставете фил, па продолжете со редењето кори. Врз филот ставете четврта кора, па оваа кора намастете ја со мешавината од половина масло-половина вода. на овој начин сувите кори ќе станат како и оние свежите. Врз четвртата ставете повторно фил.




Потоа повторно кора, па мешавина од масло и вода, па фил. Откако ќе ја филувате 5-тата кора, краевите од останатите кори префрлете ги кон внатре и премачкјате ги со мешавината. Потоа постапката продолжете ја и со останатите кори додека го потрошите материјалот. За најгоре сочувајте три кори кои не се филуваат исто како и првите три кори на дното.

Пред да ги ставите трите последни кори, повторно повлечете ги краевите на оние кори кои висат надвор од тепсијата и натопете ги со мешавината. Кога ќе ги наредите и трите кори (секоја посебно треба да ја премачкате), повторно краевите превртете ги кон внатре. Одозгора премачкајте со мешавината и најпосле залијте го бурекот со 200 мл газирана вода.

Со една чепкалка за заби добро избоцкајте го бурекот за да може течноста да се впие сè до дното. Потоа бурекот ставете го да се пече во претходно добро загреана рерна на 160 степени околу 40 минути, (можете да го исцедите од вишокот маснотија), па превртете го бурекот (со помош на даска за сечење) и печете го на другата страна уште околу 15 минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.