Старите Словени живееле во хармонија со природата од која добивале храна и лекови, па дури и денес експертите сметаат дека треба да се засадат билки што се автохтони и кои отсекогаш биле карактеристични за нашето климатско подрачје.




Многу религиозни верувања за билките од тоа време се зачувани до денес преку христијанството, како што на пример, она за дабот, кое вели дека не треба се сече, а за Нова година да се донесе една негова гранка во домот.




Едно од старите верувања на старите Словени вели дека секоја куќа на својот кров треба да има чуваркуќа, или пак, оваа билка да биде засадена некаде во близина на влезната порта, или пак цвеќето перуника/ирис, бидејќи според верувањето, ќе го заштити домот од гром и други не-среќи.




Исто така, старите Словени верувале дека багремот не треба да се калеми. Доколку од вашиот двор сте исекле некое дрво или тоа се исушило од некоја причина, или пак, неговите корења започнале да ги поткопуваат темелите и сте биле приморани да го откопате, тогаш можеби е време да размислите на негово место да засадите некое друго дрво кое во минатото го почитувале старите Словени.




ДАБОТ се сади во дворот, но малку подалеку од куќата и може да претставува најубавиот украс на тој двор, бидејќи неговата крошна многу убаво се разгранува и прави „дебела“ сенка. Добро би било во близина на дабот да има извор на вода, а ова свето дрво било симбол за долговечност.




БРЕЗАТА е синоним за исконското постоење на Словените. Од младите гранки тие изработувале метли, а од кората ги палеле светите огнови за Иванден. Брезовата кора била користена и како заштита за чевлите кога имало длабок снег. Брезата меѓутоа, не го поднесува загадениот градски воздух и доколку се исуши – тоа место не е добро за живеење.




ЛИПАТА за Словените била свето дрво, бидејќи цветовите се лековити и истите ги користеле за лекување на разни состојби. Липата претставува одлично пасиште за пчелите, а медовината било главен извор на сласт за Словените.




Липовиот јаглен ја прочистува водата. Меѓутоа, липата се сади некаде на страна, не преблиску до темелите на куќата. Со младите гранки се уди рале децата на празничните денови Младенци, Лазарева сабота и Цветници, со зборовите „да растеш како врба“.




За ОРЕВОТ се сметало дека треба да го има секој двор, но доста подалеку од куќата, бидејќи неговите плодови биле составен дел од трпезата за Бадник, но и за секоја слава, како и за приготвување на разни колачи. Старите Словени од оревот цеделе масло.




ГЛОГОТ е лековит за срцеви заболувања, а воедно претставува најмоќно средство против в ампири и д емони. Тоа е жилава, листопадна грмушка, а може да биде бел, црн или црвен. Бобинките се берат кога ќе созреат и од нив се прават џемови, чај, сок… Идеален е да се обликува како жива ограда, а при садењето треба да се додаде вар во дупката во која ќе се сади.




ДРЕНОТ прв цвета напролет, а зрелите плодови зреат наесен. Со дренката се кителе куќите за празникот Ѓурѓовден, бидејќи е симбол за здраве, а за Богојавление им се дава на децата да изедат дренов цвет за да бидат здрави и отпорни на болести.

ЈАБОЛКАТА се омиленото овошје, но Словените не ги јаделе пред Петровден и биле важен свадбен детаљ. Македонските отсекогаш ги калемеле јаболката, а кој тоа немало да го направи, не смеел да го сече дрвото. Домашната сорта Петровки има бујно мазно стебло и плодот созрева во јули.

СЛИВИТЕ биле одгледувани уште многу одамна и оттогаш се сочувани некои многу квалитетни сорти со квалитетни етерични масла. Сливите и ден денес се едно од омилените овошја кои се користат за приготвување на сокови, џемови, слатка, колачи, но се користати во природната медицина, пишува НМД.мк

NMD.mk