Според црковната и народната традиција на овој ден се отвораат „Богородичните води“, кои имаат исклучително голема ле-ковита м оќ. Таков с вет извор се наоѓа и во варошкиот манастир, кој што е вграден како ор-ловско гнездо во југозападниот дел од Марковите Кули.
Првиот петок по Велигден се вика Источен петок – Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што некои го викаат и Светол петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, може да се сретне и како Благ петок.
Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и‘ се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Поради тоа што Богородица му ги миела ра-ни-те на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и о-чите, или трипати преку себе преф-рлаат вода од изворите.
Поради тоа најчесто овој празник се празнува во црквите што се покрај извори. Според легендата изворот Балаклија, поврзан со името на Пресвета Богородица, се наоѓал во близината на Цариград и во него имало златни риби.
Источен петок во Малешевијата – Петок по Велигден (Богородица)
Тој ден Беровци и Разловчани ја празнуваат Св. Богородица. Тоа е таканаречен Источен Петок или Балаклија. Се верува дека празнувањето на тој ден е примено од Грците, а е врзано за споменот на паѓа-њето на Цариград.
Локалните свештеници велат дека тој ден Св. Д ух бил на Христовиот г-роб и дека му рекол на ангелот да и‘ каже на Богородица дека Христос вос-креснал.
Прославата на тој петок во Берово народот го вика Беровска Богородица (за разлика од слични прослави во другите малешевски места – макар тие биле и во деновите на другите празници. (Беровци со тој собор први ја започнуваат прославата на „Богородица“.
Потоа стануваат слични прослави во другите места.) Над Берово се наоѓа црквичка Св. Богородица, која скоро (1922 г.) е обновена на старите темели. Покрај таа црква има извор наречен С вета Вода. Значи таа црква слави тој ден и водата се ос-ветува, па народот од целата околина на Берово доаѓа (по цел ден, но повеќе претпладне) да нацрпи вода и да донесе дома (за лек).
(Големо е настојувањето на народот да дојдат до водата и нема кој да одржува ред. Затоа многумина кои доаѓаат прашуваат дали може да се земе вода.)
Сите што тој ден ќе дојдат во Берово имаат свои роднини кај кои ручаат (на гости) и по ручекот одат да играат на оро, а некои учествуваат и во бо-рење. Понекогаш гостите ги побе-дуваат Беровци во бо-рење и тоа се раскажува преку целата година.
И во Разловци истиот ден има собор кај Светата вода. На тој собор доаѓаат Малешевци и Пи-јанчани од околните села во голем број. По молитвата народот се мие од светата вода (тука б олните оставаат по некое парче – крпа – од својата облека и по некоја пара. (Кај тие води и сличните на нив места секогаш е полно крпи и пари од различни периоди.)
Таа вода народот ја носи во садови во своите куќи со неа да се измијат и искапат оние б-олни кои не можеле да дојдат. За таа вода народот верува дека е ле-ковита (околината на изворот е полна со железна руда). Попладнето младите одат на оро, а б-орачите се б-орат.
За тоа време локалните свештеници седат на тревата, каде што ги бројат и делат па-рите што тој ден ги добиле на крстот и иконите (кога народот ги ба-кнува крстот и иконата). Попладне околу 3-4 часот народот веќе почнува да се разотидува по своите куќи зашто куќите им се оддалечени од ова место. / Од книгата „Малешево и Малешевци“ од Јеремија Павловиќ, Београд 1929