Ендометриозата е хронично, болно нарушување на ѕидот на матката кое влијае на женските репродуктивни органи. Ткивото што би требало да се наоѓа на внатрешноста на матката, расте надвор од неа. Ова ткиво се нарекува ендометриум, така што името на оваа состојба е формирано по него.

Ткивото може да се прошири на јајниците, јајцеводите и карлицата, а понатамошниот раст ретко се шири и на другите органи. Во ендометриоза, ендометриумот функционира на ист начин како и во телото на здрава жена.

Сепак, со секој менструален циклус, кога ткивото се згуснува и кр-вари, не може да го најде излезот како и обично и останува заробено во телото. Околните ткива се иритираат, па на нив може да се формираат лузни, цисти и атхезии. Се јавуваат болни симптоми кои честопати се неподносливи.

Ендометриозата често се меша со други нарушувања, како што се воспалителни карлични заболувања и синдром на нервозни црева. Точната причина за оваа состојба е сè уште непозната и недоволно истражена и постојат шпекулации дека клетките надвор од матката се трансформираат во ендометријални клетки или дека ова ткиво се спроведува за време на развојот на фетусот.

Некои досегашни истражувања покажаа можност дека ендометриозата е автоимуно заболување. Многу жени страдаат од ендометриоза и тоа многу влијае на квалитетот на животот. Откако ќе се дијагностицира ендометриоза, лекарите обично препорачуваат лекови за болка, хормонска терапија и хируршки пристап.

За жал, хируршкиот и фармацевтскиот пристап кон оваа здравствена состојба не е секогаш ефикасен, носи голем ризик и доведува до голема веројатност за повторување на состојбата во иднина, а со тоа и потреба за уште поголема доза на лекови и нова опе-ра-ција.

Ендометриозата е многу тешка за лекување, но со помош на природни лекови може да се постигнат добри резултати и олеснување на симптомите на подолг временски период. Резултатите нема да бидат забележани преку ноќ, но потребни се напори и трпеливост.

Симптоми на ендометриоза

Чувство на болка. Болката е типичен симптом на ендометриоза и може да биде со различен интензитет – од речиси незабележливо до многу непријатно чувство во долниот дел на стомакот и грбот која тешко е да се толерира. Обично се јавува непосредно пред почетокот на менструалниот циклус или за време на извршување на физиолошките потреби.

Изобилство на менструално кр-вавење. Кр-вавењето е претежно болно и обилно. Може да се појави и помеѓу два циклуса. Може да бидат присутни и згрутчувања во кр-вта.

Гадење и повраќање. Покрај зголеменото кр-вавење и присуството на силна болка, се јавува и гадење и повраќање кое доведува до дехидратација на организмот. Доколку го забележите овој симптом потребно е веднаш да се јавите на вашиот лекар.

Жените кои сè уште не останале бремени припаѓаат во поризичната група од оние кои веќе родиле. Симптомите на ендометриоза можат да исчезнат целосно по забременувањето или по менопауза. Доколку првата менструација започнала рано, постои можност да се појават нарушувања на ендометриумот.

Во оваа група спаѓаат и жени чие времетраење на секој менструален циклус е пократко од 27 дена, како и оние кои редовно консумираат повеќе ал-ко-хол од дозволеното. Ендометриозата исто така може да биде наследна, па ако вашата мајка, сестра или тетка ја имаат оваа хронична болест, постои голема веројатност дека и вие сте изложени на ризик.

Ако имате проблем со абнормалности на матката, повисоки од просечните нивоа на естроген или каква било состојба што спречува нормално менструално крварење, овие може да бидат знаци на ендометриоз. Наглото слабеење е исто така фактор на ризик.

Природни лекови за лекување на ендометриоза
Рицинусово масло

Рицинусово масло се користи за ублажување на болката при состојба на ендометриоза. Ја зајакнува циркулацијата и одржува добро здравје на јајниците, мат-ката и јајцеводите. Го подобрува квалитетот на јајцето и ги зголемува шансите за бременост. Поради неговото позитивно влијание врз крвотокот, рицинусовото масло се смета за одлично средство за детоксикација.

Масирајте се со рицинусово масло директно на кожата на стомакот, но пред тоа измешајте го со неколку капки есенцијално масло како лаванда за дополнително да го засилите ефектот на релаксирање на мускулите во карличниот дел. Масажата треба да трае 10 – 15 минути без прекин.

Консумирајте ананас

Ананасот е моќен природен лек за ендометриоза. Доколку редовно јадете ананас, можете да се ослободите од симптомите кои нормално го придружуваат нарушувањето на растот и развојот на ендометријалното ткиво. Елементите кои се наоѓаат во ова вкусно овошје можат да го олеснат воспалението што може да се појави кај жени со ендометриоза, што ги зголемува шансите за успешно оплодување со јајце клетки.

Изладете еден зрел ананас во фрижидер, а потоа исчистете го и исечете го на коцки. Овошјето ставете го во мешалка, додадете 1 лажичка ленено масло и 200 мл вода. Соединете ги сите состојки и консумирајте трипати на ден.

Камилица

Камилицата ја елиминира болката која ја предизвикува ендометријалното ткиво. Камилицата е добро позната по својот корисен, смирувачки ефект кој ги елиминира знаците на ендометриоза, како што се болката во стомакот и грбот, грчевите кои се присутни во стомачните мускули, отоците и воспаленијата.

Лековитото дејство на ова растение е скриено во флавоноидите содржани во него. Истурете 2-3 лажички суви лисја од камилица во 200 мл вода. Оставете ја течноста да зоврие, а потоа варете уште десетина минути и тргнете од оган по изминатото време. Оставете го чајот да отстои 5 минути, а потоа пијте го топол двапати дневно.

Куркума

Куркума е ефикасен природен третман во лекувањето на ендометриоза. Не само што служи за подобрување на вкусот и промена на бојата на храната, туку има и вреден ефект при лекување на многу болести и здравствени нарушувања како што е ендометриозата. Клучната компонента, куркумин, има антиинфламаторно дејство и влијае на развојот на ендометријалните клетки.

За да подготвите лековит чај од куркума, сварете 200 мл вода, тргнете ја водата од шпоретот и додајте лажичка од овој жолт зачин во прав со малку ѓумбир, лажичка мед и неколку капки лимон. Пијте го пијалокот додека е сè уште топол, не повеќе од трипати на ден.

Ленено семе за борба против симптомите на ендометриоза

Семето од лен содржи висок процент на омега – 3 масни киселини, како и други витамини и минерали корисни во борбата против симптомите на ендометриоза. Тие го забавуваат растот на ендометријалните клетки надвор од матката и спречуваат нивно понатамошно ширење. Маслото од ленено семе го има истиот ефект.

Истурете три лажички мелено семе од лен во чаша вода и оставете го да отстои преку ноќ. Исцедете ја водата и испијте ја наутро непосредно пред појадокот. Повторувајте ја постапката секој ден.

Глуварче

Ова растение е полно со витамини и минерали кои се важни за репродуктивното здравје на жените. Жените кои страдаат од ендометриоза, исто така имаат недостаток на некои витамини како калциум, витамин А и К. Глуварчето може да ги компензира овие елементи со негово консумирање и истовремено да ги намали воспаленијата, болката и стресот.

Ставете 1 лажичка сув корен од глуварче во чаша, а потоа наполнете ја со претходно зовриената вода. Оставете го чајот да отстои 10 минути, а потоа процедете и пијте два до трипати на ден додека симптомите да исчезнат. Засладете со мед по желба.

Направете промени во исхраната

Експертите препорачуваат жените кои страдаат од ендометриоза да го минимализираат внесувањето храна што може да го зголеми воспалението. Тука спаѓа: млекото и млечните производи, храна што содржи глутен и храна полна со масти и шеќери. Алкохолот и кофеинот треба целосно да се избегнуваат.

Она што треба да го јадете повеќе е свежо овошје и зеленчук и производи од интегрално брашно. Исто така се препорачуваат риба, супа од говедска коска и чиа семе.вТопла бања или шише топла вода ставена на долниот дел од стомакот може да ги релаксира мускулите и истовремено да ја намали болката.

Ефектот на топлина врз симптомите на ендометриоза е точно ист како и ефектот на ибупрофен, но разликата е во тоа што топлината не создава никакви несакани ефекти. Во бањата можете да додадете и неколку капки есенцијално масло, како масло од рузмарин или лаванда за намалување на стресот.

Масажа

Масирањето на стомакот и грбот ќе ја ублажи болката што ја придружува ендометриозата. Најдобро е да се применува масажа непосредно пред почетокот на секој менструален циклус, а исто така е дозволена употреба на кое било масло. Преку масажа, исто така, ќе го намалите воспалението што ја придружува ендометриозата. Легнете и опуштете се, па масирајте ги болните делови од телото со кружни движења.

Правилно изведување на масажата на стомакот

Масажата на стомачниот ѕид има значајно дејство на варењето на храната со подобрување на неговата функција кај опстипација, надуеност, ендометриоза, а спречува и создавање на атхезии и цикатрикси. Кај возрасни масажата треба да трае од 10 – 20 минути.

Стомачниот ѕид е тенок, изграден од плочести мускули покриени со масно ткиво. Ѕидот е мек и еластичен. При масажа потребно е да лежите на грб со лесно подигнат горен дел на телото и свиткани нозе. Оваа положба најдобро се изведува со поставување на перници. Не се препорачува зборување и смеење во текот на масажата.

Масажата започнува со површинско мазнење односно дланките ги поставувате врз папокот и се започнува со кружно, благо движење во насока на стрелките на часовникот. Доколку се користат двете дланки, тие кружат наизменично со постепено зголемување на круговите додека не се опфати целата површина на стомакот.

Во почетокот притисокот треба да е благ, а потоа постепено се зголемува. Масажата освен по кружна патека може да се изведува и по четириаголна патека, следејќи ја насоката на протегање на дебелото црево. Може да се спроведе и цик-цак движење со посилен притисок во насока на цревната перисталтика. Пред да започнете со лулање, се применува напречно, полукружно движење со благо штипкање на абдоминалните мускули.

На крајот се завршува со лулање на карлицата со цел релаксација на карличната регија и поттикнување на целото тело да се опушти. Дланките на двете раце се поставуваат од двете страни на карлицата и со притисок на едната и на другата рака се постигнува придвижување на карлицата со повторувачки ритам.

ДОПОЛНИТЕЛНИ СОВЕТИ

Бидете физички активни, но не претерувајте. Редовното вежбање со умерен интензитет помага да се ослободат ендорфините хормони кои ќе направат да се чувствувате подобро и ќе ви се намали болката. Се препорачува јога, пилатес, лесно пешачење или џогирање на дневно ниво.

Важно е да имате доволно одмор и спиење. Особено ви треба одмор за време на менструацијата. За да го намалите интензитетот на болката и притисокот во долниот дел на грбот, легнете на страна со споени нозе, а колената потрпете ги на градите.

Справете се со стресот, бидејќи дополнително ги влошува симптомите. Посветете се на работи и активности кои можат да ве опуштат и да го намалат стресот. Секојдневната медитација во траење околу 10 минути е многу корисна, како и читањето омилена книга и слушање релаксирачка, лесна музика.

Симптомите кои ја придружуваат ендометриозата се многу непријатни, но можете успешно да го запрете ова нарушување со лекови од целосно природно потекло. Нема да имате потешкотии да го контролирате воспалението, мускулите во областа на стомакот повеќе нема да бидат напнати и ќе го подобрите вашето целокупно здравје.

Комбинирајте природна терапија со здрава исхрана и активности кои ќе ви дадат дополнително олеснување и побарајте дополнителен совет од вашиот лекар и нутриционист. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска