Овој рецепт не е тежок за приготвување и не одзема многу време. Превкусен е секој го сака.

Фото и рецепт: Вера Георгиева

Потребни состојки:

6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици гриз (некои ставаат 12 лажици со ½ лажиче прашок за печиво)
3 лажици брашно

За прелив:

1 литар млеко
5 лажици шеќер
2 ванилин шеќер

Постапка:

Се матат 6 јајца со 6 лажици шеќер, па кога ќе се добие пенаста смеса се додаваат 6 лажици гриз и 3 лажици брашно. Ако јајцата се поголеми додадете уште гриз.

Смесата се истура во тавче бр. 28 и се пече на 180 степени околу 20 минути, но најдобро е да проверите со чепкалка за заби. Тавчето нема потреба претходно да се намрсува или да се обложува со хартија за печење.

Печениот кох се остава малку да излади па се попарува со еден литар врело млеко во кое сме растопиле 5 лажици шеќер и 2 ванилин шеќер. На горната површина можно е да се појават меури, но оставете ги така не ги пробушувајте.

Фото и рецепт: Вера Георгиева

Кората ќе биде целосно прекриена со млеко и ќе лебди, но гризот ќе си направи своето. Затоа, најдобро е да се остави еден ден и да се послужи добро изладен. Исечете го на коцки, и веќе после 48 часа целото млеко ќе биде впиено а кохот ќе биде повоздушест.

Во колачот не се става прашок за печиво (некои ставаат по половина лажиче), ниту масло.

Фото и рецепт: Вера Георгиева