Шишарките на борот се употребуваат додека се млади, со величина од 3-5 сантиметри, бидејќи со нивното понатамошно дозревање попримаат дрвенест облик и ги губат своите лековити својства.

Младите шишарки содржат етерични масла, богати со витамин Ц, содржат лековита ароматична смола и голем број антиоксиданти. Имаат алкално дејство. Сето ова ги прави одлична состојка за приготвување на моќна тинктура за подобрување на хипотиреоза.

Лековити својства имаат игличките од борот, младите гранчиња, младите шишарки, смола и кора. Игличките се користат свежи, бидејќи со сушење се губи витаминот Ц. Малку е познато дека лековитоста на игличките се зголемува и за 80% доколку игличките се искршат или исечкаат на помали делови.

КАПКИ ЗА ХИПОТИРЕОЗА

Напролет наберете 15 млади борови шишарки (со величина од 3-5 см). Сомелете ги колку може поситно. Прелијте ги со 50 мл квалитетна водка или домашна ракија и оставете да отстојат поклопени во теглата 10 дена. Потоа процедете.

Употреба: пијте по 5 капки трипати дневно. Терапијата трае 3 седмици (21 ден).

Како делуваат капките:

Позната ни е лековитоста на разните билки, зеленчук и овошје, меѓутоа помалку ни се познати лековитите својства на зимзелените дрва. Борот одамна се користи во народната медицина за лекување на реума и за прочистување на дишните патишта, како и за лекување на кашлица и белодробни заболувања, па и хипотиреоза.

Борот е еден од најраспространетите четинари и сите делови на ова дрво имаат лековито дејство. Лековитите својства на борот може да се користат во текот на целата година, а најделотворни се кога неговите лековити делови се собираат во текот на пролетта.

РЕЦЕПТ ЗА СИРУП ОД ШИШАРКИ

Потребни состојки:

1,7 кг млади шишарки
1 кг шеќер
100-200 мл лозова ракија

Постапка:

Сите состојки се ставаат во голема стаклена тегла, да отстои на сонце 40 дена. Потоа се процедува.

РЕЦЕПТ НА ЧИТАТЕЛКА:

170 мали шишарки се ставаат во тегла, се дополнува со 1 кг шеќер и 1 литар ракија, најдобро лозова, но може и сливова, крушова или јаболкова. Се оства на сонце со повремено протресување. Јас вака го оставам до есен и потоа го процедувам во стаклени шишиња.

Има многу добар вкус, густо е како сируп и испробано добар и спремен за зимските денови. Може да се прави и за деца, па за нив наместо ракија и шеќер ставам мед од глуварче. Постапката и натаму е иста.

РЕЦЕПТ ОД ЧИТАТЕЛКА-МЕД СО ШИШАРКИ ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ

За зима секогаш оставам една тегла лековит мед од шишарки кој сама го правам. Во шума собирам млади зелени шишарки, ги преливам со вода да бидат прекриени, а потоа ги варам 20 минути во затворен сад.

Потоа треба да отстојат 24 часови. Следниот ден се додава шеќер во однос 1:1 и се вари како обичен џем. Трипати дневно се зема по едно лажиче мед за јакнење на имунитетот, при било кој облик на настинка, ангина, грип и болести на дишните патишта.