Home ТЕСТО Како крофните добиваат совршен бел прстен – трите правила што ги разликуваат...

Како крофните добиваат совршен бел прстен – трите правила што ги разликуваат домашните од професионалните

фото и рецепт: Адриана

Крофните не се само десерт – тие се спомен, мирис и чувство што нè враќа во детството. Меки однатре, златни однадвор и со оној препознатлив светол прстен околу средината, кој многумина го сметаат за знак на совршена подготовка.

Иако изгледа како мал детаљ, токму белиот прстен е показател дека тестото е правилно ферментирано, маслото добро загреано, а техниката – прецизна.

Добрата вест е дека до овој ефект не се доаѓа со скапи состојки, туку со три клучни фактори што ги применуваат и професионалните слаткарници.

1. Пржење – без непотребно превртување

Кога крофната ќе се спушти во топло масло, таа треба да „да се остави да мирува“. Пречестото поместување или вртење го нарушува создавањето на светлиот појас, бидејќи маслото постојано го допира тестото.

Крофните се превртуваат само еднаш, откако долната страна убаво ќе зарумени. Така средината останува над површината и природно се формира јасниот бел прстен.

2. Вистинската големина прави разлика

Премногу мали крофни лесно се вртат сами во маслото, што резултира со нерамномерно пржење. Крофните со средна големина се постабилни и ја задржуваат позицијата, што овозможува рамномерна боја и убаво изразен прстен.

„КРОФНОМАHИЈА“…Сите ги прават крофните по рецептот на Адриана…Растат големи, шупливи и формираат прстен…Највкусни од сите досега…

3. Добро ферментирано тесто

Висината и леснотијата на крофната почнуваат уште пред пржењето. Тестото мора да има време да ферментира, без брзање.

Кога е доволно надојдено, за време на пржењето крофната природно „се подигнува“ и го создава препознатливиот светол појас. Ниско и збиено тесто – значи и слаб визуелен ефект.

Кога овие три правила ќе се совпаднат, резултатот се крофни со изглед и текстура какви што ги гледаме во најдобрите посластичарници.

Домашни крофни со совршен бел прстен – проверен рецепт

Потребни состојки

• 2 јајца + 1 жолчка (на собна температура)
• 300 мл топло млеко
• 100 мл масло
• 2 кесички ванилин шеќер
• 1 лажичка рум или крушкова ракија (помага да не впиваат масло)
• 20 г свеж квасец или 7 г сув квасец
• 1 кесичка прашок за печиво
• 1 прстофат сол
• 2 лажици шеќер
• Рендана кора од 1 лимон или портокал (по желба и од двете)
• Околу 700 г брашно

фото и рецепт: Адриана

Постапка

1. Загрејте го млекото да биде млако (не жешко). Додајте 1 лажица брашно, 1 лажица шеќер и квасец. Промешајте и оставете 15 минути додека да се активира.

2. Додајте ги јајцата, маслото, аромите и останатите состојки, а на крај брашното измешано со прашокот за печиво. Замесете мазно и компактно тесто.

3. Оставете го тестото да нарасне додека да го удвои волуменот. Премесете го и повторно оставете да нарасне.

4. Поделете го тестото на топчиња од околу 60 г. Секое ставете го на посебно парче хартија за печење.
5. Покријте и оставете да ферментира уште еден час.

6. Загрејте масло на умерена температура (1,5–2 прста длабочина). Намалете ја температурата пред пржење.

7. Ставете ја крофната со хартијата во маслото, по неколку секунди извадете ја хартијата и пржете додека да зарумени од двете страни.

Совет:
– Може да се развлекува кора дебела до 1,5 см и да се вадат крофни со чаша.
– Полнењето е по желба – крем, мармалад или чоколаден намаз.