Home Нутриционизам Изеди го овој орев навечер и веќе никогаш нема да се будиш...

Изеди го овој орев навечер и веќе никогаш нема да се будиш за мокрење…

Три јаткасти плодови кои навечер го смируваат мочниот меур и го подобруваат спиењето

Дали некогаш ви се случило токму кога ќе легнете во кревет и ќе ги затворите очите, во сред сон да ве разбуди нагла потреба за мокрење?

Ноќното станување за уринирање не само што го прекинува длабокиот одмор, туку следниот ден предизвикува замор, намалена концентрација и недостаток на енергија.

Долгорочно, честото прекинување на сонот може негативно да влијае врз когнитивните функции, имунолошкиот систем, па дури и врз кардиоваскуларното здравје, пишува НМД.

Овој проблем се нарекува никтурија и особено е чест кај повозрасните лица.

Со текот на годините мочниот меур станува почувствителен, мускулите на ѕидовите ја губат еластичноста, а се намалува и лачењето на антидиуретскиот хормон кој во текот на ноќта ја концентрира урината.

Резултатот е познат: се будиме неколку пати во текот на ноќта поради потреба за празнење на мочниот меур.

За среќа, одредени јаткасти плодови можат природно да помогнат во ублажување на овој проблем, пишува НМД.

Тие содржат клучни нутриенти кои го релаксираат нервниот систем, ја регулираат рамнотежата на телесните течности и го поттикнуваат производството на мелатонин – хормонот одговорен за квалитетен сон.

Бадеми

Бадемите спаѓаат меѓу најконсумираните јаткасти плодови, но малкумина знаат дека имаат значаен ефект врз подобрувањето на спиењето.

Тие се богат извор на магнезиум, кој делува релаксирачки врз нервниот систем и ги спречува спонтаните контракции на мускулите, вклучително и на детрузорот на мочниот меур.

Истовремено, калциумот во бадемите учествува во претворањето на триптофанот во мелатонин, пишува НМД.

Доволно е да се консумираат 8–10 сурови бадеми (без сол) околу еден час пред легнување за да се поттикне природното лачење на мелатонин и да се подобри регулацијата на телесните течности.

Ореви

Оревите се сметаат за еден од најквалитетните природни извори на мелатонин и се особено ефикасни за постигнување длабок и непрекинат сон.

Покрај тоа, содржат омега-3 масни киселини со изразено противвоспалително дејство, што е од големо значење за здравјето на мочниот меур кој често е подложен на воспалителни процеси.

Две цели јатки ореви непосредно пред спиење се сосема доволни за забележителен ефект.

Ф’стаци

Ф’стаците се најмоќниот јаткаст плод кога станува збор за подобрување на квалитетот на спиењето и намалување на ноќната фреквенција на мокрење, пишува НМД.

Тие имаат исклучително висока концентрација на триптофан – есенцијална аминокиселина која прво се трансформира во серотонин, а потоа во мелатонин.

Богати се и со калиум, кој ја регулира мускулната релаксација и рамнотежата на електролити, со што се намалува чувството на итност за мокрење.

Дополнително, високата содржина на витамин Б6 е клучна за ефикасно претворање на триптофанот во серотонин и мелатонин.

Препорачаната количина е околу 25 грама сурови ф’стаци (без сол), односно една мала рака, консумирани половина час пред спиење.

Пет навики кои дополнително го подобруваат ноќниот одмор

1. Контролирајте го внесот на течности навечер – намалете го пиењето најмалку два часа пред спиење.

2. Избегнувајте алкохол, кофеин и газирани пијалаци во попладневните и вечерните часови бидејќи имаат диуретско дејство.

3. Вечерата нека биде лесна и умерена – обилниот оброк го притиска мочниот меур и го отежнува спиењето.

4. Обезбедете пријатна средина за спиење – ладна, темна и тивка соба, без светлина од екрани барем еден час пред легнување.

5. Редовно изведувајте вежби за мускулатурата на карличното дно (Кегелови вежби) со цел зајакнување и подобра контрола на мочниот меур.

Со комбинација на овие природни јаткасти плодови и здрави навики, многумина можат значително да го намалат ноќното станување и конечно да уживаат во длабок, непрекинат и регенеративен сон.

Кегеловите вежби можете да ги погледнете ОВДЕ:

Кегелови вежби: вежби 15 минути за зајакнување на карличните мускули и лекување на уринарна инконтиненција