Јунешкото месо за разлика од останатото, бидејќи нема своја маснотија потребно е подолго да се готви за да се претвори во меко и сочно јадење. Меѓутоа, со неколку мали готвачки тpикови, ќе го направите да биде меко како путер и да се топи во уста.




Одберете убаво јунешко парче исчистено од жилички. Во месарницата нека ви го исечат на тенки шницли. Дома исечете ги парчињата на соодветна големина, истенчете ги со чекан и по остар агол густо избоцкајте ги со врвот од ножот за да бидат уште поровки.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Јунешки шницли, сол, црн пипер, рузмарин, масло, 1-2 главици кромид, 1-2 чешниња лук, 1 мала лажичка црвена зачинска мелена пиперка, 1 морков, 1 дома, 1 пиперка, 1 супена лажица брашно, вода
ПОСТАПКА: Подготвените шницли посолете ги и запиперете ги по вкус, од двете страни, па пpoтријте со пpcтите за да навлезат зачините во месото. Уште малку потчyкнете ги со меcaрскиот чекан.

![]()
![]()
![]()
![]()
Зачинетите парчиња наредете ги во плитка чинија, па одозгора наросете ги со малку масло и премачкјате ги со кујнска четка, од двете страни. Одозгора наросете ситно сечкан рузмарин. Вака маринираното месо оставете го да одлежи во фрижидер најмалку неколку часа, до употребата.
![]()
![]()
![]()
![]()
Кромидот исчистете го и исечкајте го на ситни коцки, па ставете во тава со загреано масло и пропржете го околу две минути додека да омекне и застакли. Потоа врз кромидот наредете ги шницлите. За да ги собере сите шницли, најдобро е да користите поширока тава.
![]()
![]()
![]()
![]()
Поклопете ги со капак и оставете ги шницлите да се динстаат врз кромидот, на умерена температура, околу 5 минути. Потоа превртете ги од другата страна и додајте 1-2 ситно исечкани чешниња лук. Месото само ќе си отпушти течност, па продолжете да ги динстате и уште еднаш превртете го.

![]()
![]()
![]()
![]()
Додајте една мала лажичка црвена зачинска мелена пиперка, а доколку е потребно долејте малку вода, околу 10-20-тина мл, колку да не е суво дното. Месото не смее да се вари во вода, туку во сопствени сокови да се динста на умерена температура.
![]()
![]()
![]()
![]()
Зелечнукот ситно исечкајте го на коцкички, па додајте го во месото. Со помош на лажицата распоредете рамномерно, а потоа повторно превртете ги шницлите. Поклопете и динстајте уште 15-тина минути. Потоа превртете ги и налејте 200 мл вода. Поклопете и динстајте повторно 15 минути.
![]()
![]()
![]()
![]()
По изминатото време превртете ги шницлите и налејте нови 200 мл вода. Ова е второто долевање. Поклопете и повторно динстајте следните 15 минути. Потоа внимателно со штипалка извадете ги шницлите месо, а целата содржина што ќе остане испасирајте ја со рачен блендер.

![]()
![]()
![]()
![]()
Вратете го месото и налејте 400 мл вода. После третото налевање вода, динстајте уште 20 минути под капак. Пред крајот направете „жива“ запршка од една лажица брашно и малку вода, колку да се промеша брашното за да нема грутчиња, па додајте во шницлите.
Посолете и зачинете по вкус. Промешајте и динстајте уште 10 минути под капак. Потоа шницлите можете да ги послужите и да ги прелиете со вкусниот сос во кој се готвеа. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.











