Црниот дроб е многу важна жлезда во нашиот организам и воедно и најголемата жлезда кај цицачите која тежи повеќе од 2 кг. Некои промени на дланките можат да укажат на проблеми со црниот дроб, а лекарите тврдат дека постои начин да ги препознаете симптомите на болеста пред таа да стане сериозна.




Црниот дроб има улога во прочистување на ток-сините од телото кои ги внесуваме на различни начини, а лекарите откриваат дека постојат некои суптилни знаци кои укажуваат на проблеми со црниот дроб.




Имено, доколку забележите дека рацете ви стануваат сè поцрвени или често ви отекуваат, потребно е веднаш да појдете на лекар и да го испитате црниот дроб. „Црвенилото на рацете се нарекува палмарен еритем и може да укажува на некоја болест на црниот дроб“, вели д-р Лин Постон, која додава дека овој симптом се јавува приближно кај четвртина од луѓето кои имаат проблем со црниот дроб.




Д-р Џена Лифарт објаснува дека црвенилото на рацете се јавува поради вазодилатација на малите кр-вни садови во дланките, односно тие се прошируваат и ја зголемуваат количината на надојдена к рв. Овој симптом може да биде поврзан со Вилсоновата болест, односно болест на црниот дроб која го оневозможува прочистувањето од бакар.




Исто така, црвенилото на дланките може да биде предизвикано и поради хематокроза, таложење на премногу железо во телото, или цироза, каде здравото ткиво се оште-тува, а црниот дроб не може лесно да се прочисти.

„Цироза е последната фаза од болеста на црниот дроб каде здравото ткиво се заменува со лузна, односно ош-тетено ткиво кое не може да се обнови и тогаш говориме за трајно ош-тетување на црниот дроб,“ објаснува д-р Џена Лифарт.




Д-р Дејвид Бити вели дека црвенилото на дланките може да се јави на точно и прецизно определено место и открива како да го препознаете. Доколку се работи за болест на црниот дроб, црвенилото се јавува на месестите делови на дланката, под палецот и малиот прст.




Но, може да зафати и други делови на дланката. Главно, ова црвенило е симетрично и се чувствува блага топлина. Доколку ја притиснете кожата на местото на црвенилото, станува бела односно се губи циркулацијата.




Важно е да забележите дали циркулацијата веднаш се враќа по притисокот на дланката или е потребно време додека да се врати. Уште еден важен знак кој предупредува на болест на црниот дроб е тре-морот.




Тре-мор или неконтролирано тре-сење на дланките, потоа појава на оток, мод-ринки, пребоеност на кожата со жолти линии како и дефор-мираност на прстите односно свиткување. Важно е да се забележат симптомите веднаш, за да може полесно да се излекува состојбата.




ЛЕК за прочистување на црниот дроб. Потребни состојки: 1/2 лажичка сок од лимон, 1/2 лажичка маслиново масло. Состојките одат во сооднос 1:1.

Постапка: Во сад ставете го лимоновиот сок, а потоа додајте го маслиновото масло. Мешајте ја смесата со лажица околу 20 секунди и веднаш испијте. Лекот се пие свежо подготвен и затоа е најдобро да го правите секое утро, а подготовката нема да ви одземе повеќе од 1 минута.




Се пие на празен стомак по 1 лажичка, трипати во неделата. Деновите одберете ги вие, а терапијата трае 3 седмици (21 ден). Може да се дава и на деца, но во помала количина, со конcyлтација на лекар.