Многумина велат дека жената во четириесеттите години е позаводлива од онаа во дваесеттите години, а причината е што конечно знае што сака од себе и од својот живот. Но, дали жените го сакаат истото што и мажите?
Ова се седум работи кои мажите не можат да ги поднесат кај жените во четириесеттите години:
Кратка коса – Иако стилистите гарантираат дека кратката коса често ја подмладува жената, а краткиот „боб“ е една од најпопуларните фризури, сепак мажите навистина не сакаат нивна жена или девојка да има кратка коса.
Ако имате густа и здрава коса, можете да ја оставите слободно да расте иако сте длабоко навлезени во четириесеттите години.
Прекумерна тежина – Мажите навистина не сакаат кога нивната сопруга ќе се здебели. Но, за жал, речиси секоја втора жена во четириесеттите години се здебелува и влегува во светот на покрупните жени.
Без разлика дали на вашиот сопруг му се допаѓа вашиот изглед или не, не смеете да дозволите варирање на вашата тежина. Тоа сепак е прашање на здравје, а не изглед.
Лоши заби – денес жените повеќе се подготвени да дадат пари за ботокс отколку за преглед на стоматолог. Никогаш не смеете да си го дозволите тоа. Здравите заби значат здрави црева, а здравите црева гарантираат добар имунитет.
Влакна на ушите – секоја негувана жена ќе оди на ласерско отстранување на несаканите влакненца, а доколку не е во можност да го стори тоа, истите ќе ги отстрани со восок.
Рамни чевли – можеби повеќе не можете да поднесете да одите со високи потпетици, бидејќи со текот на годините доаѓа до појава на разни дефор-митети на стапалата, но за мажите, потпетиците сецодраз на женственоста. Не мора да високи потпетици од 15 см, доволно е да носите некои пониски потпетици кои ќе ви го издолжат изгледот и ќе им дадат тенок изглед на нозете.
Големи чнти – само една жена знае што сè може да собере во нејзината чанта, но од некои причини, мажите не можат да поднесат кога ќе видат дека некоја жена носи голема и преполна чанта. Тоа за ние е едноставно одбивно!
Поглед кој го потценува и проценува – секоја жена знае дека мажот најмногу сака кога дамата ќе го погледне со восхит и обожавање. Ќе се сложите дека тоа зависи само од нив, а никако од вас. Ако сакаат жените да ги гледаат умилно, тој поглед мора и да го заслужат!
Како стареете според полот: Мажите слабеат по 50-тата година, а жените се дебелеат
Долговечност
Жените во просек живеат подолго од мажите. Во САД разликата е пет години во корист на жените. Некои истражувања го поврзуваат ова со хромозомот Y, кој го имаат само мажите и кој им дава машки атрибути, но и повисока стапка на смртност од рак.
Другата теорија за долговечноста се поврзува со полошиот начин на кој мажите се справуваат со стресот, а причината е и тоа што жените подоцна почнуваат да страдаат од срцеви заболувања. Покрај тоа, жените повеќе се грижат за своето здравје и почесто одат на прегледи.
Хормони
И мажите и жените за време на стареењето поминуваат низ одредени промени во сексуалноста. Кај жените тоа е менопаузата, која се случува околу 50. година од животот.
Тоа е периодот кога престанува менструацијата, јајниците престануваат да произведуваат хормон естроген и тоа е наедно крај на репродуктивниот период. Честите симптоми кои ги придружуваат овие промени вклучуваат раздразливост, несоница, валунзи, зголемен замор, сувост на вагината и пониско либидо.
ЖЕНИТЕ ВО ПРОСЕК ЖИВЕАТ ПОДОЛГО ОД МАЖИТЕ
На мажите стареењето не им носи такви нагли промени. Кај нив се се одвива постепено, нивото на тестостерон полека се намалува. Овој процес кај мажите се нарекува андропауза, а намаленото ниво на тестостерон може да доведе до ерек-тилна дисфункција, намалено либидо, а понекогаш и проблеми со ритамот на спиење.
Сепак, за разлика од жените, каде што менопаузата го означува крајот на плодноста, мажите и во староста можат да произведуваат спер-ма и да имаат деца.
Задебелена кожа
За индустријата за убавина жените се целна група и за нив е измислен бесконечен спектар на производи против стареење и одржување на младешкиот изглед, креми против бори, серуми, антицелулитни производи… – сето тоа поради наметнатиот притисок дека е важно да останат млади.
Според едно истражување спроведено од страна на Американскиот меѓународен дерматолошки институт, машката кожа е, всушност, помалку подложна на знаците на стареење од женската.
И МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА СТАРЕЕЊЕТО ПОМИНУВААТ НИЗ ОДРЕДЕНИ ПРОМЕНИ ВО СЕК-СУАЛ-НОСТА. КАЈ ЖЕНИТЕ ТОА Е МЕНОПАУЗАТА, КОЈА СЕ СЛУЧУВА ОКОЛУ 50-тата ГОДИНА ОД ЖИВОТОТ, А КАЈ МАЖИТЕ АНДРОПАУЗА
Нивото на тестостерон е знак на машкоста, но тоа е и голем адут за кожата која ја прави 25% подебела. Мажите, исто така, имаат поголема густина на колаген, потврда текстура и поголема влажност на кожата, па поинтензивно се потат и имаат повеќе млечна киселина во потта.
И мажите и жените подеднакво губат колаген веќе по 30 година, но кај жените во просек оваа загуба се забрзува пет години по менопаузата, а потоа се забавува. Од друга страна, машката кожа старее постепено.
Меѓутоа, жените повеќе се грижат за себе, па подобро и редовно се штитат од сонцето, користат заштитни креми и други производи за нега, како што се средства за хидрација и сл.
Тежина
Веќе после 30-тата година, многумина почнуваат да водат битка со килограмите и слабеење на мускулната маса. Мажите обично добиваат на тежина сè до средината на педесеттите години, а потоа, поради падот на нивото на тестостерон, кој ги одржува мускулите, масата почнува да се намалува.
Жените, од друга страна, обично добиваат на тежина уште цела една деценија, сè до 65-тата година, а потоа повторно главно поради загуба на мускулите, почнуваат да ја губат.
Губење на коса
И мажите и жените со тек на годините, во зависност од хормоните и генетиката, се соочуваат со опаѓање на косата, но ќелавоста ги погодува мажите многу повеќе отколку жените.
Се проценува дека половина од сите мажи до педесеттата година ќе се сретнат со забележливо опаѓање на косата, а доколку тој проблем е наследен, почнува да се јавува уште после 40-тата година. Иако многу поретко, и жените, исто така, може да имаат некој облик на ќелавост, но почесто имаат проблем со тенката и слаба коса.