Аманда Монтел, блогерка и новинарка од Лос Анџелес решила во својата потрага по здрав живот да им даде шанса на фрутаријанците. Таа вели дека пет дена јадела исклучиво само овошје. Ова е нејзиното овошје:
ПРВИОТ ДЕН НЕЈЗИНОТО МЕНИ ИЗГЛЕДАЛО ВАКА:
Појадок: смути од три банани, боровинки, урми и кокосово млеко.
Ужина: еден грст суви кајсии.
Ручек: Две огромни чинии овошна салата (нанани, грозје и бобинки)
Ужина: грст суви смокви.
Вечера: Голема чинија сечкано авокадо, краставица, домати, прелиено со маслиново масло, лимон.
Десерт: кесичка бадеми.
Сите денови ми беа слични, па нема потреба да ви го покажувам деталниот план за секој ден.
Она што го забележав е дека сите ме прашуваа 2 прашања:
-„Зар не умираш од глад?“ и
-„Колку пати денес беше во тоалет?“
И на двете прашања им одговарав со: „Всушност не сум гладна“ и „Многу пати. Повеќе отколку што сакам да признам.“
Гладта навистина не е проблем, верувале вие или не. Оваа моја диета не ја ограничува величината на порцијата. А две чинии овошје е, верувајте ми, количина храна од која ќе пукнете. Што се однесува до калориите, реално, толку калории има и парче пица, а од едно парче пица никој не се заситил.
Она што е вистина е дека практично живеам во тоалет, бидејќи овошјето е преполно со влакна и вода. Ми се чини дека се’ протрчува низ мене, и стомакот по цел ден ми врие. Но, затоа пак сега стомакот порамен не ми бил никогаш.
ШТО НАУЧИВ?
Она што и порано го знаев, а не го почитував, а тоа е дека овошјето е неопходно во исхраната. Секако нема шанси да јадам само овошје, тоа не е ни здраво ни препорачливо, но оттогаш, кога и да огладнам помеѓу оброците, земам овошје наместо чипс. Ако знам дека треба да одам на некоја прослава и ми треба супер рамен стомак, се враќам на петодневната фрутаријанска диета.