Со течностите телото се „мие“ одвнатре, а туширањето ќе биде значително поефикасно доколку наместо купечки сокови на своето тело му пружиме „инфузии“ од свежи минерали и витамини.
Миксот од внимателно одбрано овошје и зеленчук има за цел да го снабди телото со максимално искористливи нутриенти кои имаат детоксикациска улога, со чија помош организмот успешно ќе ја регенерира кожата, косата и крвта.
1.Розева инфузија
Лубеницата помага при ослободување на телото од наталожените токсини со помош на органското соединение Цитрулин, аминокиселина која го филтрира црниот дроб и бубрезите од наталожениот амонијак. Поради високиот процент на вода (95% од вкупниот состав), краставиците помагаат при отстранување на токсините од телото истовремено снабдувајќи ги клетките со неопходните витамини Ц и Б.
Состојки:
300 г лубеница
1 голема краставица
1 лимета
Неколку листови нане
100 мл вода
Постапка:
Излупете ја лиметата, па заедно со лубеницата и краставицата ставете ги во блендер. Сосема на крајот од миксањето додадете ги ливчињата нане и водата, па повторно добро измешајте. Овој напиток се препорачува да се пие најмалку трипати дневно, пред оброк.
2.Зелена инфузија
Зелените листови на спанаќот и зелката се одговорни за процесот на чистење поради хлорофилот кој го содржат. Флавоноидот апин кој има антиоксидативно дејство, етеричните масла и аминокиселината аспарагин, се наоѓаат во коренот, стеблото и листовите на целерот кој делува како природен диуретик. Покрај тоа, овој микс од зеленчук ги задоволува дневните потреби од витамини и минерали.
Состојки:
3 моркови
3 листови кељ
2 стебленца целер
2 репки
250 г спанаќ
250 г свежа зелка
150 г магдонос
½ главица кромид
2 чешниња лук
Постапка:
Лиснатиот зеленчук добро измијте го, целерот, морковот, кромидот и лукот излупете ги и сите состојки заедно ставете ги во блендер. По потреба додадете и малку вода, за да биде напитокот полесен. Кога пијалаот е добро измиксан, складирајте го во фрижидер и пијте го во текот на денот.
3.Црвена инфузија
Поради селенот во цвеклото, оваа намирница има неверојатно својство за реминерализација на организмот и успешно се спротивствавува на предвременото стареење. Исто така, успешно помага во општото чистење на организмот. Капините се дури 10 пати побогати со антиоксиданси отколку доматите или брокулите, па поради тоа се сврстуваат во топ 10 најздравите намирници.
Состојки:
½ кг главица цвекло
½ кг морков
½ кг јаболка
300 г капини
250 г мед
Постапка:
Цвеклото, јаболката и морковот добро измијте ги па излупете ги. Исечете ги на помали парчиња (или изрендајте), па заедно со капините ставете ги во поголем сад. Преку нив налејте го медот, а мешавината оставете ја да отстои 24 часа во фрижидер. Следниот ден процедете а течноста чувајте ја во стаклено шише.
Напитокот делува на крвниот систем, го подобрува имунитетот. Се препорачува да се консумира наутро на гладно, по 100 мл.