Ова се податоци кои ретко кој ги знае, а многу се значајни. Човековиот крвоток е многу комплициран, па многу е важно да се внимава на неговото здравје.

Се состои од два системи кои функционираат заедно. Едниот е кардиоваскулатниот систем во кој спаѓаат срце, крв и сите крвни садови. Вториот е лимфниот систем кој претставува мрежа од садови која од ткивата го враќа вишокот течност наречена лимфа.

Ова се интересни 20 научни факти за крвта и крвотокот.

КОМАРЦИ

1,120.000 комарци се потребни за да ја исцицаат сета крв од еден возрасен човек.

ПРИТИСОК

За да може да циркулира крвта, срцето создава таков притисок со кој може да се усмука крв на оддалеченост од речиси 10 метри.

МОЖЕ И БЕЗ ПУЛС

Лекарите во 2012.година вградиле посебен апарат во телото на Крејг Лејвис (55) и така му овозможиле крвта да циркулира во неговото тело без пулс.

МОЖЕ И БЕЗ СРЦЕ

Стан Ларкин живееле 555 денови без срце чекајќи на трансплантација. Неговото срце било заменето со уред кој го носел во торба. Можел дури и да игра кошарка.

ПОКРАЈ БАЗЕН

Количината крв која минува низ телото во текот на 25 дена е слична и на количината вода која се наоѓа во базен со средна величина.

БЕЗ КРВ

Човекот може да изгуби 40% крв и да преживее, но тогаш е неопходна трансфузија.

КОБНИОТ ПОНЕДЕЛНИК

Дури 21% од срцевите удари луѓето ги доживуваат во понеделник, а потоа следи петок. Научниците веруваат дека причина за тоа е зголемениот стрес на почетокот од неделата.

ВЛИЈАЕ ВРЗ РАСПОЛОЖЕНИЕТО

Отчукувањата на срцето влијае врз тоа како сме расположени. Научниците го истражувале тој феномен кај еден човек кој тукушто примил пресадено срце. После операцијата, неговите мисли, чувства и однесување се промениле во однос на периодот пред операцијата.

СПОРО БУДЕЊЕ

За да го намалите ризикот од срцев удар, потребно е поспоро да се будите наутро, како и да се намали интензитетот на вежбање во вечерните часови.

ЗАМЕНА

Кокосовата вода може да ја замени крвната плазма, бидејќи има сличен состав.

КРВНИ ГРУПИ

Крвните групи може да бидат причина за развод. Научниците тврдат дека пронашле поврзаност помеѓу крвните групи на брачните парови и стапката на развод.

Најцврстите врски опстојуваат ако и двајцата партнери имаат крвна група 0, а оние кои се разведуваат најчесто имаат крвни групи А и АБ или А и О.

ЗДРАВЈЕ

Крвните групи влијаат врз здравјето, па така луѓето со крвна група 0 не се премногу склони на кардиоваскуларни заболувања, но се склони на дебелина и меланом.

ХОЛЕСТЕРОЛ

Луѓето со крвна група А се посклони кон развој на болести на крвотокот и би требало да обратат внимание на нивото на холестеролот.

ПАМТЕЊЕ

Луѓето со крвна група АБ имаат за 82% поголем ризик од развој на когнитивни потешкотии, па би требало да повнимаваат на концентрацијата и памтењето.

РАК

Луѓето со крвната група Б се склони кон заболување оо дијабетес и рак на панкреасот.

ЕНЕРГЕТСКИ ПИЈАЛАЦИ

Научниците тврдат дека енергетските пијалаци го менуваат начинот на отчукувањето на срцето. Бидејќи количината на кофеин е трипати поголема отколку во другите пијалаци кои содржат кофеин, тоа влијае врз срцевите отчукувања и може да предизвика напади или дури и фатален исход.

ДИЕТИ ПО КРВНИ ГРУПИ

Научниците од Универзитетот Торонто сметаат дека диетите според крвни групи се мит и дека немаат никаков ефект.

ИНДУСТРИЈА

Во Јапонија постои посебна индустрија која се однесува на крвните групи, па така нудат посебни производи наменети за секоја крвна група посебно. Станува збор за исхрана, козметика и производите за лична хигиена.

ВРСКА СО СПОРТОТ

Студија од 2017 година открила дека луѓето со крвната група 0 се поиздржливи од оние со друга крвна група. Меѓу ватерполистите немало луѓе со крвна група АБ. Но, предноста на таа крвна група (0) е само ако спортистот редовно тренира.

КАРАКТЕР

Научниците тврдат дека пронашле поврзаност помеѓу карактерот и крвната група. Во Јапонија веруваат дека различните крвни групи влијаат врз карактерот на поединците и нивниот бизнис успех како и на приватните односи.