Анри Шено ги дели луѓето на 5 типови, во зависност од психолошките и здравствените проблеми. Запамтете – не постојат универзални совети за исхрана за сите. Едноставно постојат рамки околу кои се гради вашата индивидуална исхрана.

Во неговата клиника во селската амбуланта во Мерано во подножјето на италијанските Алпи луѓето се учат на правилна исхрана и воопшто, како да се однесуваат во новото, модерно време. Шено се смета за специјалист по здрава исхрана, а напишал и доста книги на оваа тема.

Што е според Шено здрава исхрана? Ќе се изненадите, бидејќи за многу работи за кој тој говори се во спротивност со новите трендови во слабеењето. Но, кога ќе ги погледнете среќните и здрави лица на пациентите, ќе сфатите дека овој нутриционист за многу работи е во право. Многу негови пациенти со текот на времето му станале пријатели, меѓу кои е и принцезата од Монако.

ПРАВИЛНА ИСХРАНА ЗА ЗДРАВ ЖИВОТ

Првата и најважна работа на која се темели здравата исхрана е возраста. Ниту висината, ниту тежината, туку годините! Метаболизмот се менува на секои 7 години и многу е важно овој податок да се има на ум.

“Луѓето ме бараат и бараат некој универзален совет. Им кажував на луѓето за начинот на живеење, возраста и така натаму. Универзални совети не постојат.

Повеќето луѓе се луди, две третини од докторите се кретени или работат за фармаколошките компании. Затоа докторите ќе ве прашаат: каков проблем имате? А потоа веднаш ви препишуваат таблети. Работата на докторот е да го СФАТИ вашиот проблем, а не да ве прашува. Вие ако знаевте каков проблем имате, сами ќе се лечевте!

Една од големите грешки е кафето. Сега е развиен култ за пиење на разни напитоци од кафе и секој од нив ќе ве одведе на оној свет. Поради нив се дебелеете, тие ви го закиселуваат телото…”

Шено тврди: “кафето не е најдобриот почеток на денот. И не е важно дали е црно или со млеко. Интересен факт: Ако некој денес пиел кафе со млеко и утре умре. Аутопсијата ќе открие несварено кафе со млеко во неговиот желудник.

Затоа најдобро е да се пие зелен чај наутро, а најмногу 1 шолја еспресо во текот на денот! Всушност, кафето би требало да биде силно и што е најважно – би требало да биде кратко.”

Нутриционистите се сложуваат дека наутро желудникот не треба да се оптеретува. Важно е желудникот полека да работи, а да не го преоптеретите за цел ден.

“јас појадувам овошје. Ручекот го започнувам со салата, а потоа јадам јаглени хидрати: ориз или тестенини. Навечер јадам супа од зеленчук.

Понекогаш си дозволува рибешко или пилешко. Белото месо е доста корисно. Еднаш месечно јадам црвено месо, но задолжително после тоа 3 дена сум на детоксикација.

Сигурен сум дека традиционалните три оброци дневно се доволни. Но, сè зависи од тоа колку ви физичка работата. Ако живеете на село и наутро морате да работите во нива или работите во градежништво – мора да имате добар појадок. Ако работите во канцеларија, погаш појадувајте само зелен чај или овошје. Но, на пладне имајте темелен оброк.

Уште една заблуда е дека не смеете да јадете после 18 часот. Денес многу луѓе одат на спиење два часот после полноќ. Ако не вечерате – телото ќе ви се освети!

Наместо ригорозни диети, Шено препорачува детоксикација на телото и тоа онаа која трае најмногу три дена.

Детоксикацијата која ја применува е базирана на овошје, зеленчук, течности и житарици. Од исхраната се исклучуваат сол и заситени масти.

ПРЕПОРАКА:

Појадок: Една чаша сечкано овошје и една чаша сечкан зеленчук. После 30 минути испијте зелен чај.

Ручек: Едно овошје како аперитив. Салата од зеленчук зачинете со лажица маслиново масло и лимонов сок. 60 грама црвен или див ориз со сос од зеленчук.

Вечера: Варен зеленчук со 60 грама ориз.

Шено смета дека е целосна глупост да не јадете овошје и зеленчук од други земји. Не се одрекувајте од оризот само затоа што се увезува од Азија. Оброците треба да се менуваат и во организмот да се внесува разновидна храна.

“Прекумерната консумација на еден производ не е здраво. Тоа доведува до акумулација на масти. Неопходно е да се јаде и слатко и брашно, но да не се претерува.

Мора да се ужива во животот. Јас и мојата жена си дозволуваме понекогаш да изедеме колач или да испиеме чаша црно вино.”

Новонастанатиот тренд кој вели од исхраната да се исфрли глутенот, според Шено е само маркетиншки трик. Постојат мал број луѓе кои навистина се нетолерантни на глутен, а останатите само ја следат модата, без да сфаќаат што прават. Многу е важно да разберете што јадете и како тоа го јадете.

Шено смета дека секој мора да се занимава со спорт. Но, не препорачува трчање, бидејќи смета дека луѓето погрешно дишат додека трчаат. Тој советува брзо одење или брза прошетка која има многу ефект од трчањето.