Кромидот најчесто се користи во салата и разни јадења, но честопати се користи и како лек и за некои трикови низ куќата. Кромидот е ефикасен природен лек бидејќи содржи антисептички и антибиотички агенси, што се должи на високата содржина на сулфур.
Тoj, исто така, му помага на вашето тело да се бори против слободните радикали кои предизвикуваат хронични болести, како што е ракот.
Кромидот може да го зголеми вашиот имунитет, да ги спречи мачнините, да ги лекува болестите на респираторниот систем и да помогне во лекувањето на дијабетес, некои проблеми со срцето, холестеролот и артритисот.
Го користеле Индијанците за лекување на настинки и грип, па дури и Светската здравствена организација сега го препознава кромидот како добро средство за ублажување на респираторните инфекции, бронхитис, кашлица и др.
Еве некои здравствени начини на кои можете да го користите кромидот:
Кашлица
Излупете и исечете кромид на половина и ставете лажица кафеав шеќер над секое парче. Оставете ги покриени еден час. Јадете го двапати дневно за да се ослободите од кашлицата. Сулфурот во кромидот има антибактериски својства кои ги убиваат микроорганизмите што предизвикуваат кашлица.
Сулфурот, исто така, функционира како средство за детоксикација за ослободување на токсините во телото. Неговите антивоспалителни својства го намалуваат воспалението што се јавува при кашлање.
Помага во борбата против опаѓање на косата
Зовријте малку вода со кромид и користете ја течноста како средство за подготовка пред шампонирање, за да помогне во борбата против губењето на косата и да овозможи раст на нова коса. Нејзините антимикробни својства ќе го елиминираат првутот и ќе промовираат нов раст, додека антиоксидантите ќе го сопрат губењето на косата и ќе помогнат да стане погуста и посилна.
Ослободете се од вишокот слуз и дишете послободно
Сомелете кромид и направете паста со додавање кокосово масло. Намачкајте ги градите со пастата и покријте ги со пешкир. Кромидот функционира како природен антибиотик и го зајакнува имунолошкиот систем. Пареата која кромидот ја испушта, исто така функционира како експекторант за разредување на слузта во градите што предизвикува кашлање.
Смирете ги грчевите кај бебињата
За да ги смирите грчевите кај бебе давајте му по една лажичка чај од кромид на секој час додека се смири. Кромидот ги релаксира мускулите, и го регулира дигестивниот систем.
Го смирува убодот од инсект
Ставете парче кромид или свеж сок од кромид на убодот за да го смирите. Антивоспалителните својства на кромидот ќе го намалат воспалението и непријатноста од убодот од инсекти.
Исечете го кромидот и ставете го во тенок чорап. Ставете го чорапот врз увото и држете го како облига. Оставете го додека болката да исчезне.
Исеченици
Користете ја тенката кожичка од кромидот наместо фластер. Ова ќе функционира како антисептичко средство кое брзо ќе го спречи крварењето. Антибиотиците и антиинфламаторните својства помагаат за заздравување на раната, додека антимикробните својства ќе спречат ширење на микробите.
Смирете ги болките во грлото
Направете чај од лушите на кромидот. Пијте го голтка по голтка и правете гаргара со неа. Ако не ви се допаѓа вкусот, можете да додадете малку лимон и мед. Антивоспалителните својства на кромидот ќе ја намалат болката и воспалението во грлото.
Повраќање и мачнина
Исечете кромид и изрендајте го за да го извчете од него сокот. Сварете малку чај од нане и оставете да излади. Пијте по две лажички сок од кромид и почекајте пет минути. Потоа пијте две кафени лажички чај од пеперминт (нане). Повторете го ова додека не прекинете со повраќање.
Го прочистува воздухот
Кромидот го прочистува воздухот, бидејќи има својство за апсорбирање на бактерии и вируси од околината.
Третира изгореници од Сонце и помали изгореници
Протријте малку свежо пресечен кромид на вашата изгореница за да се спречи инфекција. Сулфурните соединенија ќе ја забрзаат регенерацијата на кожата и ќе го намалат жарењето и црвенилото.
Треска
Исечете тенки парчиња кромид. Нанесете кокосово масло на табаните од нозете и нанесете ги тенките парчиња. Завиткајте ја ногата со проѕирна фолија и покријте со чорап. Кромидот ќе ги извлече токсините, бактериите и болестите од телото преку ноќ.