Рецепт и видео на Драгана Цвејиќ.

Тоникот може да се користи секојдневно и мора да биде свежо приготвено.

Потребни состојки:

1 компир
½ лимон – сок

Постапка:

Компирот измијте го и излупете го, па пресечете го на половина. Потоа изрендајте го на најситното ренде. Ренданиот компир ставете го во цедалка и со помош на лажица притискајте го и исцедете со пластична цедалка колку можете повеќе за да извлечете колку можете повеќе сок.

Лимонот исцедете го и додадете го во сокот од компир. Промешајте добро за да се изедначи.

Маската или тоникот е 100% природен и можете да го користите секој ден. Нанесете на чиста кожа и оставете да делува 5-15 минути.

Кој има чувствителна кожа, нека стави помалку лимонов сок. Ќе почувствувате како кожата полека малку се затегнува под дејство на овој тоник.

После дејството, лицето или рацете измијте ги со млака вода и намачкајте ги со 2-3 капки маслиново масло.

Бидете убави со природни препарати без хемија и вештачки додатоци.

П.С.Намерно напишав и реков хиперпигментација, бидејќи некој има поизразени дамки на лицето, а некој помалку.

Бонус: ЛЕК ЗА ЧИР НА ЖЕЛУДНИК И 12-палечно црево

жака исцеден сок од компир (или во соковник) во количина од 200 мл, се пие секое утро на гладен стомак, во времетраење од 14 дена. Од чирот ќе нема ни траг ни глас.

Наместо сок од компир може да консумирате и сок од сирова зелка, во иста количина, односно по 200 мл секое утро на гладно, 14 дена.

НАПОМЕНА: Пред употреба на препарати од народната медицина, секој треба да се советува со својот лекар. Погоре наведените рецепти и искуство се на Драгана Цвејиќ.