Потребни состојки за сладолед од чоколадо:
1 литар чоколадно млеко
500 г шеќер
150 г шлаг во прав
300 мл газирана вода
Потребни состојки за сладолед од ванила:
1 литар млеко
500 г шеќер
150 г шлаг во прав
300 мл газирана вода
4 ванилин шеќер
Потребни состојки за сладолед од овошје:
1 литар млеко
500 г шеќер
150 г шлаг во прав
300 мл некој овошен сок или газирана вода + овошје
Постапка:
За било кој вид сладолед: млекото и шеќерот проварете ги, па кога ќе излади ставете во замрзнувач да смрзне (најдобро навечер), а потоа (наутро) извадете го замрзнатото млеко.
Изматете го шлагот со газирана вода или ако сладоледот е овошен, со овошен сок, па со лажица додавајте го замрзнатото млеко во изматениот шлаг и понатаму матете со миксер.
Смесата ќе започне да добива убава густина. Ставете во соодветен сад, па повторно во замрзнувач.
Напомена: наместо шеќер може да се стави 200 г фруктоза + 4 лажици капучино додека се вари млекото. Од една мерка добивате две кутии сладолед од по 1600 мл!