Home закуска ЌОФТЕНЦА ЗА 10 МИНУТИ…Можам да ги јадам секој ден зашто не ме...

ЌОФТЕНЦА ЗА 10 МИНУТИ…Можам да ги јадам секој ден зашто не ме дебелеат…

ЌОФТЕНЦА ЗА 10 МИНУТИ…Можам да ги јадам секој ден зашто не ме дебелеат… Многу едноставен и брз рецепт за вегетаријански ќофтиња кои се многу вкусни. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 тиквички
2 моркови
2 компири
2 млади зелени кромитчиња и лукче
2 јајца
3 супени лажици гриз
сол и црн пипер по вкус

ПОСТАПКА:

1.Изрендајте ги тиквичките, посолете ги и оставете ги 10 минути за да го испуштат сокот, а потоа убаво истискајте ги низ раце.

2.Изрендајте ги компирите и убаво истискајте ги низ рака. Додајте ги ренданите моркови и ситно сечканиот млад кромид.

3.Во смесата скршете две јајца и истискајте 1-2 чешниња лук низ преса (по вкус). Промешајте, па додајте гриз и зачинете по вкус. Изедначете и оставете да отстои 15 минути за да се поврзат вкусовите.

4.Со намастени раце обликувајте ги ќофтињата и притоа исцедувајте го вишкот сок кој го испуштил зеленчукот.

5.Пржете ги на малку намастена тава на умерена температура по 3-4 минути од секоја страна малку да заруменат.

6.Потоа ставете ги во огноотпорен сад и допечете ги во загреана рерна на 180 степени, 30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/aE9Q0ZtEklI?si=48M3ujRG7WGA8PaF