Ќе ве воодушеват новите грицки од компир… Многу вкусни, здрави и едноставни за правење…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 компири
сол и црн пипер по вкус
1 лажичка путер
1 рака ситно сечкан зелен кромид
1 рака ситно сечкан магдонос
1-2 лажици млеко
4-5 лажици скроб по потреба

ПОСТАПКА:

1.Исечете ги компирите и варете ги 10-тина минути или колку што е потребно за да омекнат.

2.Испасирајте ги и додајте ги сите наведени состојки. Скробот додавајте го постепено и мешајте додека да добиете мазно тесто.

3.Тестото ставете го во зип-кеса или обична кеса, па нежно притиснете со дланката за да се обликува правоаголник.

4.Исечете го горниот дел од кесата и исечете коцки од тестото.

5.Пржете ги во умерено загреано масло додека да заруменат од двете страни, па вадете ги во чинија обложена со хартиена салветка.

Можете да ги печете во рерна на 200 степени врз намастена хартија и премачкани одозгора со масло. Постапката погледнете ја ОВДЕ.