ЈУНЕШКО ВО СОС (СТРОГАНОФ)…Не се прави за 15 минути, ама е највкусното јадење…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

600 г јунешко
200 г шампињони (кафеави)
2 главици кромид
1 лажица брашно
2 лажици маскарпоне сирење
2 лажици сенф
2 лажички сол,
црн пипер, мускатно оревче
3 кисели краставички

ПОСТАПКА:

Ситно исечканиот кромид пропржете го на малку масло. Додајте го јунешкото месо исечено на тенки ленти и пржете го 10 минути или додека течноста да испари. Додајте ги сечканите печурки, сенф и промешајте.

Сипете 200 мл вода и зачинете со црн пипер и мускатно оревче. Поклопете и динстајте 30-40 минути со повремено промешување и додавање вода по потреба. После 30 минути посолете и гответе на тивко уште 30 минути.

Пред крај додајте ги киселите краставички исечкани на лентички и малку вода по потреба. Додајте го крем сирењето, промешајте и продолжете со готвење на тивко уште кратко време.

Во мала чинија растворете лажица брашно со околу 100 мл вода и додајте го во тавата. Мешајте додека да згусне, а ако ви е прегусто, додајте уште вода. Послужете со тестенини. Постапката погледнете ја ОВДЕ: