Home Останато Живот Живее во Шведска три години, па јавно проговори: неговото искуство со лекарите...

Живее во Шведска три години, па јавно проговори: неговото искуство со лекарите предизвика лавина реакции

Шведска со години важи за една од најуредените и најпосакуваните земји за живот – со висок животен стандард, стабилна економија и силен социјален систем.

Сепак, искуствата на оние кои таму живеат покажуваат дека реалноста не е секогаш едноставна, особено кога станува збор за здравството, пишува НМД.

Токму такво лично искуство неодамна сподели Младен од Србија, кој веќе три години живее и работи во Шведска.

Неговото видео на TikTok предизвика бурни реакции и отвори широка јавна дебата за функционирањето на шведскиот здравствен систем.

„Ако не си доволно упорен, лесно те прескокнуваат“

Во видеото, Младен вели дека здравството во Шведска функционира значително побавно отколку што многумина очекуваат.

Во Шведска здравствениот систем е прилично специфичен. За многу дијагнози, решението е исто – Алведон“, вели тој, објаснувајќи дека станува збор за локална верзија на парацетамол.

Тој додава дека пристапот до лекар често бара трпение и упорност.

Се чека, и ако не си доволно упорен, лесно може да те прескокнат“, раскажува Младен.

Преглед од 7 до 10 минути – и ист совет

Особено внимание привлече неговиот опис на лекарскиот преглед:

Кај докторот поминав 7 до 10 минути. За тоа време дознав од каде е, колку деца и внучиња има и кога оди во пензија. Ми рече: ‘Да те не гледам за џабе’ – и ми даде Алведон.“

Според него, иако комуникацијата била пријателска, медицинскиот пристап бил премногу генерализиран.

Болниците се модерни, но системот е строг

Младен признава дека условите во болниците се на високо ниво:

Чисто е, уредно и не е депресивно. Стандардот е навистина висок.“

Сепак, тој смета дека самиот систем и начинот на кој се пристапува кон пациентите не секогаш одговара на очекувањата на луѓето кои доаѓаат од Балканот.

Не дај Боже да ти затреба нешто посериозно“, заклучува тој.

Поделени реакции на јавноста

Неговото сведоштво предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Дел од корисниците го поддржаа, додека други жестоко се спротивставија:

• „Здравствениот систем е меѓу најдобрите во Европа.“

• „За термин се чека и по три месеци.“

• „Мајка ми падна во Стокхолм, и рекоа само да мирува. Во Србија веднаш ѝ открија фрактури.“

• „Живеев седум години во Шведска – ова е вистина. Затоа се преселив во Германија.“

Важно е да се напомене дека станува збор за лично искуство, кое не мора да ја отсликува целокупната слика за здравството во Шведска.

Сепак, ваквите сведоштва сè почесто се појавуваат и отвораат прашања за разликите меѓу системите, очекувањата на пациентите и културните навики во лекувањето.

👉 Видеото на Младен може да го погледнете на неговиот TikTok профил ТУКА.