За тоа колку ѓумбирот е здрав и колку често докторите го препорачуваат за различни тегоби, одамна ви е познато. Она што е помалку познао, е како ѓумбирот да го одгледате во саксија во домашни услови и што можете да очекувате од него.

Со свое искуство се јави и блогерката Кристина од Портланд, САД.

Таа во својот блог пост “Засадете си дома ѓумбир” детално објаснува како да посадите корен од ѓумбирот во саксија и редовно да го полевате додека да добиете плод за употреба.

Единствен материјал кој ќе ви биде потребен е саксија со земја и корен од ѓумбир кој по својот облик наликува на човекова дланка со прсти.

Најдобро е да одберете “рака” со повеќе “прсти”.

За да добиете што повеќе плодови, неопходно е да ги искршите “прстите” на ѓумбирот на повеќе делови.

КАКО СЕ САДИ ЃУМБИРОТ

Ставете во саксија еден “прст” ѓумбир и не заборавајте дека мора да биде на површината од земјата. Водете сметка да не го затрупувате ѓумбирот со земја, бидејќи тоа е главниот трик за да ви успее садењето.

Полевајте често. Не бара многу светлина, но бара топлина.

Кристина советува да го засадите како домашна билка во рана есен, а кога ќе дојде пролет да го префрлите во градината.

Кога ја префрлате билката од саксија во градина, неопходно е да се одбере место со растресира земја и редовно да ја полевате.

Кристина тврди дека не треба да се грижите околу штетници или некои други проблеми кои би можеле да ја нападнат билката.

Доколку се грижете за својата билка, според советите на кристина, зелените ливчиња би можеле да пораснат од 60 до 120 см. Оставете да расте 3 до 5 месеци пред да започнете да ги користите новите главици корен кои ќе се појават во земјата. На овој начин секогаш ќе ја имате оваа билка и тоа во свежа состојба кога е најпотентна и најлековита.