Црниот дроб игра важна улога во варењето на храната. Се наоѓа на десната страна на стомакот под ребрата, а црниот дроб е одговорен за одржување на многу функции во организмот.
Произведува жолчка која помага во намалување на телесните масти. Има многу важна улога во одржување на нормалниот шеќер во кр-вта, одржување на телесните масти и железо. Исто така, има важна улога во производството на протеини во организмот.
Болестите на црниот дроб се широк спектар на нару.шувања, инфекции и состојби кои можат да влијаат на ткивото и клетките на црниот дроб. Овие нару.шувања исто така можат да влијаат на структурата на црниот дроб и да го уни.штат во целост овој ор.ган.
Најчесто црниот дроб се уни.штува поради лош животен стил и можат лесно да се насоберат ток.сини во телото, кои не се прочистени, доколку црниот дроб не функционира правилно.
Соковите за детоксикација помагаат во надминување на овие проблеми, а исто така се многу корисни при чистење на црниот дроб.
СОК ОД ГРОЗЈЕ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ. Потребни состојки: 500 мл зовриена и оладена вода, 6 лимони, еден корен од ѓумбир – 10 цм, еден грозд со средна величина, 3 лажици ленено масло, 4 чешниња лук, 4 лажички куркума во прав, 5 листови свежо нане.
Подготовка: Исцедете го лимонот и грозјето и ставете го сокот настрана. Сомелете го ѓумбирот и лукот и додајте малку вода. Во оваа мешавина додајте го претходно исцедениот сок од лимон и грозје, па додајте ленено масло. На крај додајте ја куркумата во прав. Мешајте една минута до соединување на сите состојки.
Потоа додајте го остатокот од водата и уште еднаш промешајте. Одозгора додајте ги свежите ливчиња нане. Овој сок го регенерира црниот дроб и ги обезбедува сите потребни витамини, елиминирајќи ги ток.сините од организмот.
II РЕЦЕПТ: Билен сок. Потребни состојки: 125 г зелка, 1 лимон, 25 г целер, 250 г свежи круши, еден корен од ѓумбир – 5 цм, 500 мл чиста вода, 5 листови свежо нане по желба.
Постапка: Зелката, целерот, ѓумбирот и крушите се сечкаат ситно на парчиња и се ставаат во соковник со 1 чаша вода (250 мл). Во исцедениот сок додајте сок од еден лимон и одозгора наросете рендано нане или цели листови по желба. Сè се меша со остатокот од водата.
Зелката, целерот, ѓумбирот и крушите се најдобри детоксикатори на организмот. Помагаат во природна регенерација на црниот дроб и го одржуваат метаболизмот стабилен, а истовремено се чистат отро.вите од овој ор.ган.
III РЕЦЕПТ: Врвен лек за чистење на црниот дроб. Потребни состојки: 300 мл дестилирана вода, 2 големи цитрони, 2 лажици ленено масло, 4 лимони, свеж корен од ѓумбир – 10 цм, 2 полни лажички ситно сечкан свеж лук.
Постапка: Претходно исчистете ги потребните состојки, извадете им ја лушпата и соединете ги во блендер, добро да се сомелат. Блендирајте 1 минута без престан, а добиената содржина помешајте ја со дестилираната вода.
Овие основни ензими содржат хранливи состојки кои имаат благотворен ефект на црниот дроб, а со тоа помагаат во исфрлање на ток.сините. Рецептите лесно се подготвуваат, а исто така се многу делотворни. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска