Неверојатно вкусно јадење кое секој мора да го проба. Може да додавате или одземате зачини и состојки по свој вкус, но зелката и кромидот се тие кои му даваат перфектен вкус на ова јадење. Јадете вкусно, хранете се здраво. Овие веге-ќофтиња ќе имате чесно на вашето мени…
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 750 г зелка, 2 главици кромид, 2 јајца, половина лажица рендан лук, половина чаша (од 200 мл) сенаменско брашно (или обично), 1 чајна лажичка сол, половина лажичка мелен црн пипер, 1 лажичка мајчина душичка (кој сака), 1 лажичка мелен црвен зачински пипер или буковец, чили по желба кој сака луто, масло
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ЈОГУРТЕН СОС: Половина чаша јогурт, половина лажичка рендан лук, четвртина лажичка сол (по вкус), половина супена лажица лимонов сок, половина лажичка сув иситнет магдонос. По желба може да додадете и некои зачини по свој вкус.
СОВЕТ: Ако не сакате лута храна, слободно прескокнете го чилито и ставете слатка зачинска пиперка во прав. Ако смесата од зелка за приготвување на ќофтињата ви се чини дека е мека (ако испушти премногу сок), додајте 1-2 лажици брашно. Овие ќофтиња можете да ги јадете со кој било друг сос, не мора да го правите јогуртниот. Јогуртниот сос има многу поубав вкус доколку отстои во фрижидер еден час.
ПОСТАПКА: Зелката исчистете ја и отстранете и ги надворешните листови и тврдиот дел (кочанот). Потоа пресечете ја на половина, а секоја половина на тенки ленти со широчина од 6-7 мм. Потоа пресечете ги на третини, како што е прикажано во видеото.
Сечканата зелка ставете ја во едно поголемо тенџере, налејте вода до половина во садот и ставете на оган. Откако ќе зоврие гответе ја зелката 10 минути под капак, на умерена температура.
Потоа процедете ја низ цедалка, малку притиснете со лажицата за да излезе што повеќе од течноста и оставете вака да се излади. Две главици кромид исчистете ги и ситно исечкајте ги.
Во тава загрејте малку масло и пропржете го кромидот додека да застакли и омекне, околу 1 минута. Додајте и мелен/рендан лук, па продолжете со динстањето. Тргнете на страна малку да излади.
За тоа време, истискајте ја зелката низ раце, да се исцеди остатокот од течноста, па ставете ја во еден подлабок сад. Додајте го пржениот кромид и скршете две јајца. Промешајте и зачинете со сол, црн пипер и други зачини по вкус.
Додајте брашно и промешајте додека сите состојки да се изедначат. Потоа црпете со лажица од смесата и со дланките формирајте ќофте. Формираните ќофтиња пржете во загреано масло, на умерена температура. Пржете ги од двете страни додека убаво да заруменат, по 2-3 минути од секоја страна. Потоа вадете ги врз хартиена салветка.
ЈОГУРТЕН СОС: Во подлабок сад ставете густ јогурт или павлака, додајте ситно рендано лукче, сол, магдонос, малку лимонов сок, па добро промешајте. Вашето вкусно, сочни и здраво јадење е спремно за послужување. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.