Потребни состојки:
За пандишпан:
• 500 брашно за колачи од Жито Лукс
• 400 г шеќер
• 250 г путер
• 4 јајца
• 300 мл млеко
• 1 пакетче ванилин шеќер
• Кора од лимон и портокал
• Ореви и кандирано овошје по желба
Подготовка:
• Шеќерот и путерот убаво се матат, а потоа се додаваат останатите состојки. Колачот се пече во загреана рерна на 200 °С, околу 15 минути, а потоа температурата се намалува на 150 °С. Вкупното време на печење е 1 час.