Водечка болест на 21 век: Дали и вие имате Кушингов синдром?

Стресот не следи од раѓање, со него живееме и кога е умерен, дава динамика на секојдневието. Преголемиот стрес, пак, ја руши рамнотежата на организмот, а пак уште кога е и континуиран, незабележливо го доведува во состојба која потоа создава бројни сериозни компликации.

На тој начин се создава и Кушингов синдром. Проверете дали можеби и вие го имате?

Тоа во реалниот живот изгледа вака – во првите минути од стресната ситуација мозокот им наредува на жлездите да го зголемат лачењето на хормонот на стресот – кортизол, кој се разнесува низ крвотокот низ целото тело.

Органите при зголемен стрес ја прераспределуваат енергијата за голем физички и ментален напор, на пример во црниот дроб се складира вишок на глукоза, а во крвните садови расте притисокот…

Кога опасноста ќе помине, лачењето на кортизол се намалува и телото закрепнува. Меѓутоа, кога постојано сме под силен стрес, кортизолот засилено се лачи подолго време.

-Кортизолот во нормални околности се излачува во текот на денот по одреден распоред: највисокото ниво на кортизол е наутро во осум часот, во текот на денот неговото ниво постепено опаѓа и најнизок е во вечерните часови и околу полноќ.

Кога тој трајно и прекумерно се лачи, се случуваат проблеми кај поголем број органи, а кога ќе се зафатат практично сите органи, станува збор за мултисистемска болест која се нарекува Кушингов синдром.

Симптомите на Кушингов синдром се многубројни и резултатот се изложеност на сите ткива на висока концентрација на кортизол.

Кушингов синдром

ПРВИ СИМПТОМИ НА ОВОЈ СИНДРОМ

-необјаснето дебелеење во пределот на стомакот и вратот
-подуено лице
-проблеми со кожата како црвенило, хиперпигментација, засилена влакнатос
-слабост на мускулите
-емоционална вознемиреност
-висок притисок

Болеста обично почнува незабележливо и подмукло, најчесто тоа е необјасниво дебелеење, масни наслаги се натрупуваат на трупот и вратот, додека екстремитетите се упадливо тенки. Останатите симптоми се замор, подуеност на лицето, проблеми со кожата, вклучително црвенило, хиперпигментација, засилена влакнатост и абнормален раст на влакна по телото и лицето, особено кај жени, потоа споро зараснување на рани, виолетови стрии, акни.

Присутни се и слабост во мускулите, зголемен притисок и ниво на шеќер во крвта, депресија, анксиозност, нередовни менструации и проблеми со плодноста, намалена сексуална желба, намалена густина на коските и зголемен ризик од фрактури на коски. На долг рок може да дојде до појава на кардиоваскуларни компликации, па инфаркт на миокардот, мозочен удар.

Овој синдром е почест кај жени и присутен е пред се’, кај млади лица.

За да се постави дијагноза, потребно е да се направи комплетна анализа на крвта и урината, функционални тестови кои докажуваат хронично високо ниво на кортизол, како и дополнителни испитувања.

Лекувањето на Кушингов синдром подразбира оперативно отстранување на изворот за прекумерно лачење на кортикостериоиди, ако станува збор за промени на хипофизата или пак лекови кои спречуваат претерано лачење на кортизол.