Колачиња „Кали“ што се топат во уста – стар рецепт со само 3 состојки
Овие нежни и декоративни колачиња „Кали“ се вистински класик од домашната кујна – рецепт што нашите мајки и баби го подготвувале за празници и специјални пригоди.
Со минимални состојки и брза подготовка, добивате елегантен десерт што изгледа како од слаткарница, а вкусот е неодоливо фин и лесен.
Она што ги прави посебни е нивната форма – се обликуваат додека се топли, па добиваат изглед на цвет, со нежна цитрусна нота од кора од портокал или лимон, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


🛒 Потребни состојки:
• 2 јајца
• 140 г шеќер во прав
• 140 г брашно
• 1 ванилин шеќер по вкус и желба
• кора од портокал или лимон (за декорација)
*или: 3 јајца, 1 неполна шолја (од 250 мл) шеќер, 1 шолја брашно


👩🍳 Постапка:
1. Во длабок сад ставете ги јајцата и шеќерот во прав, па матете со миксер додека да добиете светла и пенеста смеса.
2. Додајте го ванилиниот шеќер, а потоа постепено додајте го брашното и мешајте додека да добиете хомогена смеса, малку погуста од онаа за кекс.
3. Обложете плех со хартија за печење. Со лажичка ставајте мали количини и оформувајте тенки кругови (6–7 см дијаметар).
4. Печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 5–6 минути, додека рабовите благо заруменат.
5. Во меѓувреме, исечете тенки лентички од кора од портокал (околу 3 см).
6. Веднаш по печењето, додека колачињата се уште топли, внимателно извадете ги едно по едно со шпатула.
7. Ставете лентичка кора во средината и нежно притиснете од едната страна за да добиете форма на цвет „кала“.
8. Оставете да се изладат и по желба наросете со шеќер во прав.

💡 Совети за совршен резултат:
• Работете брзо – колачињата се обликуваат само додека се топли.
• Ако сакате порафиниран вкус, користете органска кора од цитрус без третмани.
• Може да додадете и бадем како декоративен центар.












