Совршен ЛЕТЕН ручек без месо од само 3 состојки…Ова често го јадев кај мајка ми кога бев дете, имаше прекрасен мирис и уште подобар вкус на кој и ден денес се сеќавам…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5-6 свежи пиперки исчистени од семе
6-7 домати
малку лук
7 лажици урда/младо сирење или по ваш вкус
малку сол, црн пипер
½ лажичка шеќер
малку сечкан магдонос
ПОСТАПКА:
1.Во широка тава наредете ги пиперките, залијте ги со малку масло и посолете ги, па пропржете ги по неколку минути од двете страни под капак, колку да заруменат и омекнат, па извадете ги во чинија.
2.Доматите изблендирајте ги, а 2 од нив излупете ги и исечкјате ги на коцкички. Сипете ги во маслото во кое се пржеа пиперките а по вкус додајте и ситно сечкано лукче. Гответе на тивок оган под капак додека да испари вишокот вода.
Посолете, запиперете и додајте малку шеќер. Гответе уште 5 минути.
3.Додајте ги сирењето и гответе уште 5 минути, па на крај додајте ги и пиперките. Јадењето е превкусно, а постапката погледнете ја ОВДЕ.