СОЧНО ЈАДЕЊЕ СО ТИКВИЧКИ…Повеќе не ги пржам…Ова се највкусните што сум ги јадела…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 тиквички
3 јајца
100 мл неутрална павлака за готвење
3 чешниња лук, ситно сечкани
сол, црн пипер, црвена димена пиперка во прав, сув зачин

ПОСТАПКА:

1.Излупете и исечете 3 тиквички на тркалца. Посолете ги и оставете ги да отстојат 20 минути.

2.Во подлабок сад рачно изматете 3 јајца со 100 мл крем за готвење. Додајте 3 чешниња лук и измешајте.

3.Исцедете го вишокот вода од тиквичките и наредете ги во огноотпорен сад кој претходно сте го премачкале со масло.

4.Смесата со јајца, павлака и лук сипете ја врз тиквичките. Зачинете со црн пипер, сув зачин и црвена чадена пиперка во прав.

5.Ставете да се пече во загреана рерна 50 минути на 200 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.