Нутриционистите се едногласни – ако сакате да го заштитите срцето и да го одржите крвниот притисок под контрола, изборот на леб не е небитна работа.
Иако лебот со години е неправедно обвинуван како „непријател на здравјето“, експертите за исхрана истакнуваат дека вистинскиот тип леб може активно да придонесе за регулирање на крвниот притисок.
За магазинот Health, повеќе нутриционисти го издвоиле истиот јасен победник, пишува НМД.
🏆 Најдобар избор за крвен притисок: интегрален леб од цели зрна и ‘ркулци
Овој интегрален леб од цели зрна е првиот избор на нутриционистите, поради неговата висока нутритивна вредност и позитивното влијание врз кардиоваскуларното здравје.
Овој тип леб се прави од цели зрна што започнале процес на никнување (започнале да ‘ртат), што ја зголемува биорасположливоста на хранливите материи и ја подобрува нивната апсорпција.

🧠 Зошто нутриционистите го препорачуваат?
„Влакната во неизменетите цели зрна помагаат во намалување на крвниот притисок, преку подобрување на функцијата на крвните садови, регулирање на апетитот и подобра контрола на телесната тежина“, објаснува нутриционистот Александар ЛеРик.
Истражувањата покажуваат дека:
• жените со покачен крвен притисок имаат корист од најмалку 28 грама влакна дневно
• мажите од околу 38 грама дневно
„Како општо правило, барајте леб што содржи најмалку 3 до 5 грама влакна по парче“, советува диететичарката Вики Климантис.
Покрај тоа, ваквиот интегрален леб:
• содржи повеќе магнезијум и калиум
• има понисок гликемиски индекс
• не предизвикува нагли скокови на шеќерот во крвта
„Овој тип леб има поблаг ефект врз шеќерот во крвта во споредба со белиот леб“, додава диететичарката Рејчел Ажмера.

✅ Како да препознаете леб што е добар за крвниот притисок?
При купување, обратете внимание лебот да:
• содржи најмалку 3 грама влакна по парче
• биде направен од цели зрна
• има 140 mg натриум или помалку по парче
За дополнителна корист, комбинирајте го со намази и додатоци како авокадо, хумус, путери од јаткасти плодови или свеж зеленчук – комбинација што го штити срцето и заситува подолго.



































