Освен што го снабдува организмот со корисни материи, чајот од шипка создава чувство на ситост и го помага излачувањето на штетните материи. Напитокот од овој плод посебно им се препорачува на доилки, бидејќи витаминот Ц преминува во млекото а бебето го прави поздраво и поотпорно…

​Шипката е грмушка која може да достигне висина од 2 до 3 метри, самонико растение но се одгледува и во градини. Цветот на шипката има белорозеви венечни ливчиња, а плодот е со карактеристично црвена боја и полн со тврди семчиња, со пријатен и слаткаст вкус.

​Лековитоста на дивата ружа или шипка кај нашиот народ е позната уште од дамнешни времиња, за што сведочат рецептите за приготвување на разни џемови и мармелади кои датираат уште од 17. век. Нашите предци ја употребувале шипката и како овошје и како лековита билка. Витамините и останатите состојки од оваа билка придонесуваат за општото здравје на организмот, а во текот на зимата го подобрува имунитетот.

​Шипката многу се цени и како средство против дијареа и грчеви во стомакот, додека помешана со други билки, се користи за лекување на многу други болести.

​Плодот на оваа лековита билка е богат со витамин Ц, а го има многу повеќе отколку во лимонот: само една чаша чај од шипки ги задоволува дневните потреби на човекот за овој витамин.

​Многу е важно да се истакне дека со варење – шипката НЕ ГО ГУБИ ВИТАМИНОТ Ц, што е случај кај многу други намирници. Лековитата дива ружа содржи и пектин, танин, шеќер, овошни киселини, витамини К и Б2, каротиноиди, флавоноиди и антоцијани.

Да ги наброиме сите лековити својства на шипката:

​-чајот од шипка го намалува нивото на слободните радикали

-помага при инфекции на уринарниот тракт поради противвоспалителните својства

-ги чисти дишните патишта и го олеснува дишењето (ја чисти слузта)

-помага при настинки и разни вирусни инфекции

-ги обновува клетките (спречува предвремено стареење)

-го стимулира мокрењето

-содржи полифеноли кои штитат од рак и кардиоваскуларни болести

-ја подобрува циркулацијата

-ја прочистува крвта

-помага при мачнини

-го подобрува здравјето на крвните садови (ги стега)

-помага при дезинтерија

-помага за полесно исфрлање на песок и камен од бубрег и мочен меур

-го подобрува здравјето на кожата, мускулите и коските

-помага при дијареа

-помага при реума

-спречува болести на забите

-помага при детоксикација на организмот

-смирува и го ублажува стресот

-го зголемува имунитетот

-јакне, освежува и ја зголемува енергијата

Одгледување и собирање на шипката

Дивата ружа – шипка најчесто се засадува од гранчиња која веродостојно ќе ги наследи особините на матичната билка во однос на семето. Плодот се собира во есен, а се употребува свеж или сушен.

​Сосема незрелиот, зелен и тврд плод, исто како и презреаниот (кога има темна и матно црвена боја, омекнат) – не е лековит. Покрај плодот во лековита цел се користи и листот и цветните венечни ливчиња од оваа билка.

Лековита шипка – чаеви

Шипката има многу широка примена во народната медицина. Благотворно делува во случај на гастритис, пролив, а особено како превентива во лекувањето на авитаминоза.

Чајот од шипки им се препорачува на доилки, бидејќи витаминот Ц преминува во млекото со што бебето станува поздраво и поотпорно. Овој напиток им се препорачува на лица кои држат редуцирана диета, бидејќи создава чувство на ситост и го снабдува организмот со потребните витамини, а истовремено го помага излачувањето на штетните материи од организмот.

​Луѓето кои се склони кон создавање на песок или камен во бубрегот, им се советува редовно да пијат чај од шипка. Овој лековит плод го отстранува уморот и малаксаноста и претставува одличен чистач на крвта.

​Цветните венечни ливчиња од дивата ружа се употребуваат за приготвување на чај кој го запира крвавењето од некои внатрешни органи (желудник, црева, бели дробови) и од хемороиди, како и против дијареа и грчеви во желудникот.

Класичен начин за приготвување на чај од шипка:

1.Зовријте 200 мл вода.

2.Ставете 1 филтер кесичка (или една мала лажичка рефус) во чаша за чај.

3.Прелијте со врела вода.

4.Оставете да отстои 5-10 минути.

5.процедете.

Чај од шипка како идеално средство против настинки

​За една чаша чај е потребна една лажица сув плод од шипка. Прелијте со ладна вода, па загрејте до зовривање. Оставете да зоврие, па тргнете од оган да отстои поклопено половина час. Потоа се процедува и се пие. Кога се приготвува чајот од шипка, треба да се води сметка, во него да преовладуваат сувите плодови а не семето.

Чај за благо стеснување на крвните садови (се препорачува при туберколоза), во случај на напад од камен во жолчка (добро делува ако се пие топол)

​1.Зовријте 200 мл вода

2.Попарете една голема лажица цвет од дива ружа.

3.Оставете 5 минути.

4.Процедете.

5.Засладете со мед и пијте трипати дневно по една чаша.

За добар, длабок и мирен сон:

1.Варете една голема лажица здробен плод од шипка, 5 минути во 300 мл вода

2.Додадете 3-4 листови нане

3.Поклопете и оставете 2 часа.

4.Процедете

5.Засладете со мед. Овој чај се пие во текот на денот, наместо вода, особено пред спиење.

Чај за ублажување на болки, чистење на жолчно кесе и мочен меур, чистење на бубрези од песок и каменчиња

​1.Варете 5 минути плод од шипка или семе, во 500 мл вода.

Внимавајте: Не треба да се претерува со користење на чајот од шипки бидејќи при големи количини може да се појават тегоби со срцето или некои други несакани последици!

Плодот има специфичен мирис и пријатен слатко-кисел вкус, па се користи за приготвување на џемови, мармелади, сокови и вино кое претставува одличен витамински напиток.

Од цветните листови може да се приготвува лосион за тонизирање на кожата, а помешан со цветни листови од питома ружа, се користи за приготвување на одлични јадења, како што е слаткото од ружа.

Сок од шипки

Свежите плодови од шипка треба да се измијат и да се просушат. Пресата за цедење треба да биде добро навлажнета, па да се стават плодовите и од нив да се цеди сокот, малку по малку. Сокот треба да се процеди низ газа или низ цедалка (никако метална).

​На еден литар чист сок се додава еден килограм шеќер, се остава некое време да се истопи со повремено мешање. По вкус, може да се додаде лимонтос, но треба да се води сметка дека сепак шипката сама по себе е доволно кисела. Сокот се складира во чисти стаклени шишиња.

Домашен ликер од шипка

Шипката треба да се измие и просуши, а потоа да се сомеле и помеша со шеќер. Садот се затвора, се остава на топло место и се промешува неколку пати дневно.

Се процедува, се додава ракија, се складира во стаклени шишиња и добро се затвора.